И кога победува и кога губи, и кога е евтино и скапо, и кога е клуб или репрезентација, мора, ама мора да има некоја глупоштина на нашата спортска сцена. Овој пат во режија на (не)луѓе кои сакаат да гледаат ракомет, ама да не платат.
Скопје има две јаки сали за ракомет и стадион според европски стандарди, но и многу помодарци и Фејсбук навивачи кои чекаат силен противник за да и дадат поддршка на Македонија на лице место. Настапот на националниот ракометен тим во Битола беше вистинско освежување. Салата Боро Чурлевски грмеше за момците на Раул Гонзалес за кои секогаш треба вака да се навива. Се работи за град со ракометна традиција.
Македонската ракометна репрезентација победнички го стартуваше квалификацискиот циклус за ЕП 2020. Првиот тест во групата каде силите ќе ги одмериме и со селекциите на Грција и Исланд, е успешно положен, но со потешкотии и грешки во напад.
Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток од 20:15 против Турција (пренос на Телма), го стартува квалификацискиот циклус за ЕП 2020. Мечот се игра во салата „Боро Чурлевски" во Битола. Алал да им е на ЕХФ за најавата. Знаат по што сме познати.
Најдобрите македонски ракометари ја сочуваа големата предност од Скопје (32-24) и по шести пат (четврти пат во низа) обезбедија пласман на Мундијалот во Германија и Данска на почетокот од 2019.
Македонската ракометна репрезентација е класа појака ракометна сила од селекцијата на Романија. Тоа го докажа со надмоќнона игра и резултат од 32:24, кој се надеваме дека нема да биде достижен на реваншот.
Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров попладнево стана најдобриот голгетер на Ф4 турнирите во ЛШ кои се играат од 2010-та во ваков систем на четири најдобри.
Соиграчите на нашиот репрезентативец Ацо Јоноски од германскиот СГ Ратинген 2011 уште се под импресии од навивањето на македонската публика на Европското првенство кое го следеле во живо. Од глава не им излегува најголемиот хит на трибините.
Сања Таневска е дипломиран професор по македонски и шпански јазик, професија која што ја доведе да седне на маса и да му предава на професорот по ракомет, „Ел Команданте“ Раул Гонзалес. Ни раскажа каков е тој одблизу.
За време на фантастичниот викенд во Загреб со кој се заокружува Европското првенство во ракомет, се одржи и ждрепката за следното Светско првенство 2019-та кое официјално ќе се отвори на 10. јануари следната година во Берлин.
Уште несредени впечатоците од Еврошампионатот во Хрватска кој финишира во недела, веќе се зборува за Светско ракометно првенство. Во јануари следната година пак ќе се дружиме со нашите јунаци кои треба да минат низ само еден двомеч.
Иако покажаа две лица во првата и втората групна фаза, сепак мора да им се честита на нашите ракометари за борбеноста, желбата и потта која ја оставија на ова ЕП. Промашија зицер за победа против Германија, со Шпанија останаа без капитенот, а со Чешка загубија добиен натпревар. Но тоа е спортот. Главата горе момци. Заслужувате аплаузи.
Во последното коло од втората фаза, Македонија со убедлив пораз од Данска 31-20 го заврши Европското првенство. Данците убедливо први одат во полуфинале, Македонија доби достојни наследници на ветераните.
Од кројачи на сопствената судбина во рок од неполни два часа пак се сведовме на некои тешки математики кои не се неостварливи. Тоа е. Вреди да се проба.
Ја тепаа Словенија (трета на СП 2017), па Црна Гора и одиграа реми со Германија (Европски првак 2016). Потоа загубија два меча. Од каде толку гнев и небирање погрдни зборови против момците кои час ги сметате за херои, час за идиоти? Се прашува и еден поранешен фудбалски репрезентативец.
Македонската ракометна репрезентација испушти златна шанса да остане во игра за исторски пласман меѓу најдобрите четири селекции во Европа. Го имавме мечот в рака и на крај се доведовме во ситуација да шутираме пенал за реми во последна секунда, кој Дејан Манасков го промаши.
Настапите на нашата ракометна селекција која секоја година е дел од големите натпреварување ги следат и старо и младо и машко и женско. Нашите јунаци кои денеска и утре ќе се обидат да извадат максимум од овој шампионат, се инспирација за малата Стефанија која им посвети стихови со поддршка.
Ах тоа Европско првенство кај нашите соседи колку беше јако и незаборавно, ама нема да напишеме неповторливо. Србите викаа „Македонци вие сте тука како домаќини“. И така беше.
И покрај тешкиот пораз од Шпанија, Македонија ги задржа шансите за тоа можеби преоптимистичко полуфинале за кое сите зборуваат, небаре борбата за петто место не е одличен успех.
По три перфектни кола без пораз, македонската ракометна репрезентација ја започна втората групна фаза на најлош можен начин. Пораз од 11 голови разлика, оддалечување од сонот наречен полуфинале за кое сè уште имаме шанси и повреда на Кире Лазаров.
Првата позиција на табела на Македонија и донесе привилегија следниот меч да го игра дури во недела вечер и со тоа да одмори три дена во Вараждин, но потоа следува пеколно тежок распоред од кој нема бегање.