Таг: македонска ракометна репрезентација

Една е мајка, Борко најдобро знае

Откако со 12 одбрани беше најзаслужен што Македонија ремизираше со европскиот шампион Германија, Борко Ристовски го прими големото признание и веднаш отиде да ја прегрне мајка му која го бодреше од првите редови.

Судискиот превид - фаулот над Миркуловски за исклучување

По секоја логика фаулот на Германецот Јаник Колбахер на минута и нешто пред крајот беше за најмалку 2-минутна суспензија, но судиите не досудија ништо.

Ечи Бисер балкански од соблекувална

После победа против Словенија (трети на СП 2017), па Црна Гора и на крај реми со Германија (европски првак во 2016-та), ништо помалку не треба да изгледа славеничката атмосфера на нашите јунаци кои прават партали во Загреб.

Последниот тајм аут на Македонија е врхунски

Во драматичен натпревар до даска на кој имаме последен напад да го урнеме актуелниот европски првак, Кире предлага да финишираат со цепелин. Раул одма го пресече и му вели: Знаат сите, а потоа Столе царот го прави најјакиот можен муабет.

Страшниот двоен цепелин на Лазаров и Георгиевски

Македонија предводена од Ел Команданте Раул игра врвен атомски ракомет и со големи три бода оди во следната фаза. Вечерва и актуелниот европски шампион Германија на своја кожа го почуствува нашиот најдобар рецепт.

Јуначка игра за реми на Македонија со европскиот шампион

Во последното коло од групата Ц, нашите најдобри ракометари ремизираа 25-25 (11-12) со актуелниот европски првак Германија и со три бода одат во следната фаза.

Сите меѓусебни дуели меѓу Македонија и Германија

Тешко е да се игра ракомет против Германците. Некој ќе каже поради наклонетост на судиите, но не може да се игнорира фактот дека се меѓу водечките ракометни земји во светот, против која немаме ниту една победа. 

Што ја чека Македонија понатаму на Европското?

Од утрешниот меч против Германија (18:15) зависат неколку сценарија и насоки по кои ќе одат нашите најдобри ракометари. Во втората фаза нè очекуваат мега дуели против Шпанија, Данска и евентуално Чешка/Унгарија.

Поздрав од соблекувалната на јунаците

Поубав старт Македонија не можеше да посака на ова Европско првенство. За прв пат во историјата почнуваме со две од две, многу тешки, ама слатки победи кои нè исфрлаат на лидерската позиција и ни даваат за право да се надеваме на чудо против Германија. За традиционалното славеничко селфи се погрижи најдобриот играч на мечот, Филип Кузмановски. Браво дете.

Нова драма, нова победа на Македонија за втора рунда во Вараждин

Македонската ракометна репрезентација ни приреди уште едно драматично издание кое за среќа заврши во наша полза. Црна Гора не е трета селекција во свет, но го направи пеколно тежок и неизвесен мечот цели 60 минути.

Газеме до крај

Без разлика што е прерано да се каже и е многу тешко да се стигне до место меѓу великаните, такви сме ние Македонците. Кај што одиме правиме инвазија низ град, делкаме пивце, се веселиме на наша музика и по прва победа одиме амбициозно до медал. Барем во анкетите каде секогаш се наоѓа по некој цар.

За Ацо Јоновски и неговата невиност

Го викаат шибер и ќе фали многу во одбрана кога ќе реши да крене рачна. Инаку тој секогаш ги крева рацете за да покаже дека не е крив, без разлика што има соборено сè живо што се обидело да и даде гол на Македонија. Ацо е ѕвер, тоа го знаат и од ЕХФ кои направиле мајтап со него.

Не е важно колку пати си паднал, туку колку пати си се вратил

Македонија повторно гори, а одговорноста ја презеде познатиот пироман под името Раул Гонзалес.

Фото на првото коло

Најдобрите македонски ракометари остварија важен триумф на стартот од Европското во Хрватска, а еден од најзаслужните беше Столе Стоилов кој претрпе многу ќотек. А богами и даде.

Македонија слави голема победа над Словенија!

Во рамките на првиот меч на нашата репрезентација на 13. Европско првенство, Македонија со 25-24 ја совлада третата селекција од последното Светско првенство во Франција.

На кое место светските кладилници ја сместија Македонија

Со влог од 100 денари дека ќе бидеме шампиони, може да земете 25.000 денари, ама бидејќи Македонија не е Вардар, реалната слика е следна.

Момците на Раул ја анализираат Словенија уште на аеродром

Македонската ракометна репрезентација во сабота со почеток од 19:30, го стартува новиот предизвик наречен Европско првенство. Иако до мечот има нешто повеќе од 48 часа, нашите репрезентативци се веќе синхронизирани уште пред да се појават на паркетот.

Можно ли е чудо на ракометното ЕП со најдобриот тренер во светот?

Кога елитните ракометни собири ни се во близина, речиси секогаш постигнуваме добри резултати. СП 2009 во Хрватска беше наше лансирање меѓу првите 11 на светот, а петтото место од ЕП 2012 во Србија сѐ уште е нашето најголемо достигнување. Што нè очекува на претстојното ЕП во Хрватска, можно ли е да стигнеме до медал?

2017-та е за ракометните и фудбалските херои на Вардар и Македонија

Македонската спортска јавност откорна коси од нервоза за да види некој голем историски успех во независна Македонија. Годинава тоа конечно се случи и затоа 2017-та може слободно да се каже дека во фудбал и ракомет се искачивме на едно повисоко скалило на кое сите сакаме да останеме.

Најава за походот на македонските ракометари на Европско

На Европското во Хрватска ќе играме во Загреб, во групата Ц против Словенија (13. јануари од 17:15), против Црна Гора (15. јануари 20:30) и против Германија (17. јануари 18:10). Како и секојпат нашите најдобри ракометари ќе имаат поддршка и во сала и од дома.

Кире Лазаров: „Спортот ќе изгуби најмногу ако се отцепи Каталонија“

Во разговор за порталот „Независне“ од Бања Лука најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите кој наскоро ќе го даде и 1.200-от гол во елитното друштво дава интересни одговори.

Врти сучи, ќе биде тешко за карти за Европско во Хрватска

До стартот на Европското првенство во Хрватска има уште малку, а нашата јавност како по обичај за карти ќе пројави интерес во самиот финиш, иако тогаш карти може и да нема. Агенциите тријат раце.

Македонија домаќин на ЕП 2022 во ракомет?

Нашата земја е сè поблизу да го добие домаќинството на Европското во ракомет за жени заедно со Црна Гора и Словенија. Од ЕХФ стигна потврда.