Битолчани одржаа лекција по навивање за репрезентација
Скопје има две јаки сали за ракомет и стадион според европски стандарди, но и многу помодарци и Фејсбук навивачи кои чекаат силен противник за да и дадат поддршка на Македонија на лице место. Настапот на националниот ракометен тим во Битола беше вистинско освежување. Салата Боро Чурлевски грмеше за момците на Раул Гонзалес за кои секогаш треба вака да се навива. Се работи за град со ракометна традиција.