Убавите спомени од Македонија - Чешка во Ниш

Ах тоа Европско првенство кај нашите соседи колку беше јако и незаборавно, ама нема да напишеме неповторливо. Србите викаа „Македонци вие сте тука како домаќини“. И така беше.

Македонската ракометна репрезентација има три соочувања со Чешка на Европските првенства. На нашето дебитантско ЕП во Италија 1998 нè попарија со 20 разлика, 38:18, потоа во Србија 2012 славевме ние, а на ЕП 2014 мечот заврши 24:24.

Ќе се навратиме на онаа многу важна победа на 180 километри од Скопје. Македонија уште на стартот им покажа заби на големите ракометни земји.

Прво одигра реми со Шведска, па загуби од Германија со еден гол разлика поради превид на судијата и во третото коло славеше голема победа над Чешка од 27:21 за влез во втората групна фаза, од каде потоа се избори за тоа историското петто место.

Атмосферата во Ниш беше буквално како да играме дома, инвазија на Македонци во секој ќош. Тие што не можеа да дојдат до карти, возеа до таму само за да гледаат во фан зоната.
 
Од кај ли да почнеме? Ајде со некој ред.
 
4.000 Македонци во еден глас

Знамето на цела трибина

Последниот гол на Миркуловски и прославата на победата

Атмосфера низ град, по кафулиња, пред сала, ама и во автобусот на ракометарите

А вака беше во Скопје