Таг: македонска ракометна репрезентација

Ракометните кадети одржаа лекција како се пее химната на Македонија

Кадетската репрезентација на Македонија обезбеди место на кадетско СП 2023 година и младинското ЕП 2024 година откако го освои Б европското првенство што се играше во Рига, Летонија. Организаторот на турнирот им пушти само една строфа од химната, ама јунаците до 18 години ја продолжија и грмеа со многу жар без музика во позадина.

Кире лут на тајмаут против Србија

Македонската ракометна репрезентација во три наврати имаше +3 против Србија, но на полувреме губи 13:15. Селекторот Лазаров имаше забелешки за играта на Мартин Серафимов. Инаку мечот се игра за бронзен медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Македонија доби незгодна група за СП 2023

Машката ракометна репрезентација ги дозна ривалите за Светското првенство кое наредната година од 12 до 29 јануари ќе се одржи во Полска и Шведска.

Поклон и солзи за хероите на нацијата

Во земја во која селекторот плаче по натпреварот пред новинарите, најуспешниот бизнисмен - првиот човек на Федерацијата скока луд од среќа прегрнат со капитенот, третото лево крило и физиотерапевтот, а претседателот на републиката го прави истото на трибините со стиснати тупаници подигнати во вис – нема зима за ракометот.

Кире форсирал да игра со болки, Столе му рекол: Што правиш, дали си нормален? Излези од игра

На прес конференцијата после триумфот над Чешка, од македонскиот табор се појавија Столе, Жути и Кире. Селекторот откри зошто играше малку против Чешка, а двократниот европски првак со Вардар, кој се повлекува од репрезентација рече дека 14 години не видел одмор во зима.

Голот на Кузмановски вреден осми Мундијал за Македонија

Каков натпревар, неверојатно тежок планина психички, кој успеаа да го издржат нашите ракометари е најсоодветниот коментар кој ќе го чуете на видеово. Македонија биеше битка во која не можеше да се одлепи од 2-3 гола разлика и во ниту еден момент не смееше да си дозволи опуштање.

Фешта во соблекувалната на Македонија

Бараж пресметките за пласман на Мундијалот во 2023-та овој пат беше потежок, бидејќи требаше да се минат две пречки. Македонија ги елиминираше Романија и Чешка и сега може заслужено да наздрави за шестото Светско првенство по ред. Браво јунаци.

Цела сала во делириум, Македонија оди на Светско

Кире и другарите го слават на големо новото мундијалско учество кое успеаа да го остварат на драматичен напад. Филип Кузмановски погоди пенал за триумф од 27:25 и ја фрли во транс цела сала. Ракометарите побудалеа од радување.

7.000 грла силно во еден глас за македонската химна

Бараж натпревар на Македонија за Светско 2023. Последна репрезентативна битка на големиот борец Филип Миркуловски. Картите продадени како алва за еден ден. Сè е во знакот на црвено-жолтата боја. Слушајте и уживајте, иако во сала верувајте дека е друг филм.

Македонија ја декласираше Романија, блесок на Талески со 10 гола

Македонската ракометна репрезентација обезбеди убава предност од +8 во првиот бараж меч за СП против Романија со која за само два дена игра реванш на гости. Мотивираниот Филип Талески експлодираше во напад.

Македонија ги дозна двете пречки до Мундијалот, првата е Романија

Македонската ракометна репрезентација ќе се соочи со стари познаници во обидот да се пласира на следното Светско првенство 2023 и да ја продолжи низата настапи на големите натпреварувања.

Со кој би можела Македонија да се падне во баражот за Светско?

Една година Европско, па следната Светско. Секој јануари е турбо за македонската ракометна репрезентација, која овој пат треба многу повеќе да се испоти за да се најде во друштво на светскиот ракометен крем. Патот до наредниот Мундијалот ќе биде тежок како никогаш до сега.

Марко Митев - големата надеж на македонскиот ракомет

Го нема на Википедија, ама брзо ќе дојде. Па самото дете е брзо, а се надеваме дека и брзо ќе се развива. Слабо и фотки, ама ископавме нешто од Фејсбук, како се слика со своите идоли, а и една од школо. Што трчање и труд даде против Данците. Браво.

Миркуловски: Со одење и стоење не може да победиме

Македонските ракометари се свесни и бајаги самокритични за бледата партија против селекцијата која се очекуваше дека ќе ја добијат. Самите ја нарекоа срамна.

Втор пораз на Македонија, овој пат со анемична игра

Македонската ракометна репрезентација го бележи вториот пораз на ЕП 2022. И покрај тоа што мислевме дека сме поквалитетни, нашите ракометарите не ја докажаа фаворитската улога, а тоа Црна Гора сурово го казни на чело со одличниот Симиќ кој нè отпиша со фантастични 12 интервенции.

И фалангата држи ниво

И покрај сите ограничувања како на пример 50% од капацитетот на салата, вакцини, скапи тестови, ладно време и 900 до 1.000 км пат, зависи кој од каде трга, сепак македонските навивачи се во добра бројка во Унгарија.

Како Македонија ја билда атмосферата пред мечот со Словенија

Ситно броиме до стартот на првиот меч на македонската ракометна репрезентација на ЕП 2022. Играме во арената Феникс во Дебрецин со почеток од 18 часот. Кире и другарите се мотивираат јако, со патриотски песни додека прават склекови. Напред момци.

Голем пех за Македонија, Митревски е меѓу петмината позитивни

РФМ го објави списокот на ракометари кои денеска патуваат за Дебрецин. Голманската позиција станува голем проблем за селекторот Кире Лазаров.

Беља работа за Кире, Македонија има пет позитивни на Ковид

Македонската ракометна репрезентација во четврток ги стартува настапите на ЕП 2022 кое се игра во Унгарија и Словачка. Но во очи на првенството се соочува со проблеми.

Што ќе значат за Македонија позитивните од Ковид кај Израел?

Вториот контролен натпревар меѓу Македонија и Израел е откажан, поради тројца позитивни случаи на Ковид 19 во редовите на Израелците. Кире Лазаров сега стравува од следните тестирања на 7 и 10 јануари, поради физичкиот контакт на македонските ракометари кои го имаа на понеделничкиот дуел со нив.

ЕХФ: Ќе ги однесе ли Кире Лазаров Македонците до слава како тренер – играч?

Европската куќа на ракометот ја анализираше македонската ракометна репрезентација и постави три прашања. Едно од нив се однесува на младите и нивниот потенцијал. Велат внимавајте особено на централниот бек Марко Мишевски и десното крило Ненад Костески.

Македонија на ЕП на македонски канал со македонски коментатор

На две недели до стартот на Европското ракометно првенство, се случи пресврт во однос на емитувањето на натпреварите. МТВ успеа да нè израдува.

Младите ракометни шампионки ја згрмија „Бисер Балкански“ во Литванија

Со победата над Исланд во финале, македонската ракометна репрезентација до 17 години направи сензација и го освои кадетскиот ЕХФ шампионат, а тоа им донесе пласман на ЕП, како и на Светско за следната година. Радоста е голема и заслужена, а во соблекувална изгледаше вака: