Македонската ракометна репрезентација на денешното тестирање беше НЕГАТИВНА. Но тоа не може да радува ако се знае фактот дека во таборот на Израел има ТРИ ракометари кои се позитивни. Македонија играше во понеделникот со Израел и за еден ден не е голема веројатноста да дојде до зараза...
Кај најбрзорастечкиот сој (омикрон) до зараза доаѓа по 72 часа. Тоа значи дека тестирањето на 7ми јануари ќе биде најдобар показател за ковид статистиката во нашиот табор. Покрај тестирањето на седми јануари, Македонија ќе се тестира и на 10 јануари, а ќе има ковид-тестирање на денот на натпреварот против Словенија.
Во шведските медиуми денес беше пласирана информацијата од ЕХФ во врска со нивното ново правило - позитивните играчи ќе може да играат НАЈМАЛКУ 14 ДЕНА по инфекцијата. Тоа значи дека без разлика дали играчот има негативен ковид тест - МОРА да поминат 14 дена. Ова правило на ЕХФ може да доведе до дополнителен хаос и да го стави и самото првенство под знак прашање.
На денешните тестирања Црна Гора пријави три позитивни ракометари, тоа според правилото на ЕХФ значи дека тие сигурно нема да играат во групната фаза. Групната фаза ќе ја пропушти и Словенецот Лесјак кој е ковид позитивен. Голманот на Данска, Јаник Грин...
Останува да се надеваме дека Македонија и на наредните ковид тестирања ќе биде негативна и без грижи ќе може да се подготвува за настапот во Дебрецин.