За точно еден месец Полска ќе ги нагости најдобрите 16 ракометни селекции од Стариот континент на 12. Еврошампионат. Ние сме во тешка група со домаќинот, светскиот и европски првак Франција и соседот Србија. Нема предавање.
Втор пат во историјата ќе играме против домаќинот на едно Европско, а само годинава три пати се судривме со актуелниот европски и светски шампион со кој ќе играме и во Полска. Србија ни е најблизу географски, но не сме играле многу меѓу себе.
Џез Бејли игра тенис и сквош, сака скијање и трчање, а најголем навивач е на бејзболот. Првиот ракометен меч кој го гледал во живо е средбата меѓу Македонија и Франција во „Борис Трајковски“.
Пред почетокот на денешниот дуел против Чешка, на кој нашите ракометари обезбедија ново учество на Европско првенство, благодарници за досегашните настапи во националниот дрес добија Ванчо Димовски и Горан Ѓоргоноски.
Македонската ракометна репрезентација ќе го продолжи континуитетот на учества на големите натпреварувања, откако вечерва во Скопје ја победи Чешка 32:28 и обезбеди пласман на ЕВРО 2016-та.
Ниту отсуството на главните играчи во репрезентацијата не ја спречија македонската ракометна селекција убедливо да ја победи Швајцарија 17-26 (8-15) во претпоследното коло од квалификациите за ЕП во Полска. Во недела може да го чекираме пласманот на Евро против Чешка во Скопје.
Македонската ракометна репрезентација растеретено и борбено настапи против Светскиот шампион Франција кој не дозволува сензација. Македонија е прегазена во 4. квалификациско коло за ЕП 2016 со 35:24.
Македонската ракометна репрезентација загуби од Франција 25-27, по што второто место кое води на ЕП во Полска ќе го бара во дуелот со Чешка. Лазаров со седум погодоци го бомбардираше Омејер, но грешките на крајот значеа и минимален пораз.
Најтрофејниот француски тренер, Клод Онеста во јануари 1999 година со Тулуз му гостуваше на Вардар во Скопје кога црвено-црните славеа 26-19 во Купот на куп победници. Утре вечер ќе го поведе светскиот шампион на мегдан со нашата селекција.
Актуелниот европски и светски првак, селекцијата на Франција утре вечер за прв пат ќе гостува во Скопје. Селекторот Обрван и нашите ракометари признаваат дека ќе уживаат во мегданот со Триколорите.
Македонската ракометна репрезентација ја оствари најдобрата позиција на досегашните четири учества на Мундијалите. Деветтото место делуваше разочарувачки за нашите ракометари во Катар, но тоа има реални шанси да им ги исполни соништата.
Најдобрата асистенција од групната фаза на СП Катар ја имаа Мојсо и Столе, а ИХФ направи топ 5 листа на потези кои го одбележаа првиот осминафинален ден. Првата позиција оди кај одбраната на Ристовски и брзата контра на Георгиевски на мечот против Словенија.
Зацртаната цел на македонските ракометни репрезентативци кои отпатуваа во Катар со план да стигнат до четвртфинале, не се оствари. Но билетот за Рио 2016 сè уште е достижен, а конечниот пласман на ова Светско веројатно ќе им биде најдобар до сега.
Македонската ракометна репрезентација пропушти историска шанса за прв пат да избори пласман меѓу осумте најдобри селекции во светот. Словенија беше фаворит според кладилниците, а тоа го докажа и на терен со победа од 30:28.
Осминафиналната балканска битка против Словенија на СП Катар 2015 е шанса, овој зрел и искусен состав на ракометари да испише нова ракометна историја, а тоа е пласман меѓу најдобрите 8 екипи во светот и потоа квалификации за ЛОИ во Рио 2016-та.
Со најдобар учинок во историјата на нашите настапи на СП, Македонија обезбеди осминафинален дуел против Словенија. Нападот функционираше беспрекорно, но според Кире Лазаров, загрижува летаргичниот однос во одбраната.
Македонските ракометари триумфално ја завршија групната фаза, откако вечерва убедливо славеа против Австрија 36:31. Со осум бода од пет натпревари го потврдивме второто место и во недела ќе играме против Словенија во осминафиналето.
Избраниците на Обрван до сега завршија пола работа за да ја остварат посакуваната цел во Катар. Евентуален пласман во четвртфинале, ќе значи и можно соочување против Франција кое најмалку го посакуваме, но пораз не значи дека остануваме без шанси за Рио.
Македонската ракометна репрезентација одигра јуначко прво полувреме против силниот противник кој го водеше со +4, но битката ја загубивме во вторите 30 минути и Хрватска го доби мечот со 29:26.
По неуспешните обиди на РФМ да го ангажира Словенецот за ЕП 2014 година, Ренато Вугринец конечно доби зелено светло од ИХФ да го облече црвено-жолтиот дрес. Амбициите го водат до Рио Де Жанеиро.
Македонските ракометари на првите три средби постигнаа 91 а примија 78 голови. Дејан Манасков втор стрелец во нашата репрезентација со 13 погодоци, 9 помалку од капитенот Лазаров.
Македонија игра одлична одбрана и напад, а големи заслуги за тоа носи Хрватот Ивица Обрван, селекторот на нашата репрезентација и тренер на францускиот Шамбери. Пред дуелот со Хрватска вели дека не е напнат и дека можеме многу да добиеме со победа.