Таг: македонска ракометна репрезентација

Како се менува расположението кога Македонија прима гол

Видеото е од вчерашниот меч против БиХ во момент кога нашите навивачи очекуваат одбрана на Борко.

На Хрватите не им е баш сеедно против нас

Откако двете селекции победија на трите воведни средби, утрешниот дуел во Доха ќе биде право балканско дерби кое би можело да биде клучно за првата позиција во групата Б.

Македонија е осминафиналист на СП Катар

По победите против Тунис и Иран, четата на Ивица Обрван ја збриша и селекцијата на БиХ и со максимален ефект од три победи на три средби веќе обезбеди пласман во следната фаза. 

Падна и Иран, но не убедливо

Македонската ракометна репрезентација стигна и до вториот триумф на Мундијалот во Катар, но аутсајдерот во групата се покажа како тврд оред кој го совладавме со 33:31.

Македонските навивачи прогнозираат +10 против Иран

По убедливиот триумф против Тунис, навивачите на македонската ракометна репрезентација се острат за вториот противник во групата на Мундијалот во Катар и очекуваат нова убедлива победа.

Македонската машинерија го сомеле Тунис

Македонската ракометна репрезентација имаше отворање од соништата на четвртото учество на ракометните мундијали. Најсериозниот конкурент на Македонија за втората позиција во групата беше преслаб за избраниците на Ивица Обрван кои одиграа беспрекорен меч.

Македонија на Светските ракометни собири

11-то место на Мундијалот во Хрватска беше најдобриот пласман за нашите ракометари кои беа пречекани во својата земја како херои. Сега амбициите се уште поголеми, а тоа е пласман во осминафиналето и потоа битка за седмото место, последно кое води во квалификациите за ЛОИ во Рио 2016-та.

Верната публика и левораката легенда се клуч за успехот

Официјалниот сајт на СП Катар 2015 направи подробна анализа за нашата ракометна репрезентација, која утре по четврти пат во историјата ќе се појави на најголемиот светски ракометен собир.

СП Катар: Домаќинот во поход со странски легионери

Утре во Катар започнува 24. Светски шампионат во ракомет, настан на кој репрезентацијата на Македонија по четврти пат ќе се појави на еден Мундијал. За првпат во историјата домаќинот на СП ќе има повеќе странски ракометари, отколку домашни.

Триколорите не’ отрезнија пред Светското во Катар

Фаворитот број еден за светското злато, репрезентацијата на Франција убедливо ја победи нашата селекција на турнирот во Нант 30:20 . Аргентина претходно го освои третото место, откако го совлада Алжир 21:20.

Македонија го торпедираше Алжир

Македонската ракометна репрезентација прикажува врвна форма пред Светското првенство во Катар кое стартува за една недела. Подготвителниот турнир во Нант тимот на Обрван го почна со убедлива победа од 12 голови разлика.

Македонија поуспешна од Израел пред СП во Катар

Во СЦ Јaне Сaндaнски, на последниот натпревар пред домашната публика пред заминувањето на Мундијалот во Катар, македонската ракометна репрезентација го победи Израел 39:37. Гоце Георгиевски најефикасен со 7 погодоци.