Сега веќе поранешните репрезентативци Ванчо Димовски и Горан Ѓоргоноски добија подароци од претседателот на РФМ, Ристо Мукаетов и од генералниот секретар на федерацијата Филип Милошевски. Во голема рамка, големите спортисти ги добија своите дресови со број 19 и 29. По нив двајца, награда и бурни аплаузи доби и капитенот Кире Лазаров кој пред две недели стана европски првак со шпанска Барселона.