Таг: лига на шампиони

Вардар преку Бате до Скендербеу или Дебрецин

Македонскиот фудбалски шампион доколку успее да го елиминира белорускиот Бате Борисов, во третото квалификациско коло за Лигата на шампиони ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Скендербеу и Дебрецин.

Вардар против БАТЕ Борисов во квалификациите за ЛШ

ФК Вардар го доби најнепосакуваниот противник. Во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони ќе се сретне со екипата на БАТЕ Борисов од Белорусија.

Навивачите на Баерн го исвиркаа Робен

Арјен Робен со репрезентацијата на Холандија одигра пријателски натпревар против Баерн Минхен и беше исвиркан од своите навивачи.

Финале од мој агол

Да се разбереме, гајле ми за Челси, ама дедо ми не се акаше по планина за да можам ја за Швабо денес да навијам. А башка и нема ништо послатко у спорт од тоа да ги гледаш германците како губат. Свечено одлучив дека за пола ден сум фан на Челси... пут под ноге накај стадион...

Малерот на Баерн

Германските медиуми и навивачите на Баерн Минхен се уште не можат да се помират со фактот дека го загубија финалето, па сега го обвинуваат Анатолиј Тимошчук дека им донел малер затоа што пред натпреварот го допрел трофејот.

Иниеста со најдобар гол во Лигата на шампиони

Оваа сезона се изнагледавме убави голови во Лигата на шампиони, но според УЕФА, најубав е голот на Андрес Иниеста против Викторија Плзен.

Челси на тронот на Европа

Екипата на Челси е новиот шампион на Европа откако на 57-то финале на најелитното клупско натпреварување, Англичаните беа поуспешни од Баерн Минхен по изведување на пенали и ја освоија својата прва европска титула.

Баерн по петти или Челси по прв пат?

Конечно, дојде денот кога најпрестижното клупско фудбалско натпреварување ќе го добие својот нов шампион. Баерн Минхен и Челси ќе се борат за европскиот трон во финалето на Лигата на шампиони.

Сите ќе профитираат од финалето во Минхен

Градот домаќин на финалето од Лигата на шампиони помеѓу Баерн Минхен и Челси ќе се офајди за околу 50 милиони евра, а единствено во зијан ќе отидат навивачите кои немаат влезници и својата среќа ќе си ја пробаат кај тапкарошите.

Ламата типуваше на Челси

Октоподот Пол се реинкарнираше во лама и типуваше на екипата на Челси.

Германската полиција на маки пред финалето

Минхенската полиција ќе има огромни проблеми за да ги спречи планираните крвави тепачки помеѓу навивачите на Баерн Минхен и Челси за време на финалето од Лигата на шампиони.

Баерн-Челси ќе руши рекорди во гледаност

Финалето од Лигата на шампиони помеѓу Баерн Минхен и Челси ќе го проследат над 300 милиони гледачи со што ќе се постави нов рекорд за најгледан клупски натпревар во светот.

Баерн - Челси (инфографик)

Скоро сè што треба да знаете пред финалето на Лигата на шампиони помеѓу Баерн Минхен и Челси, во еден инфографик.

УЕФА нема да ги брише жолтите картони

Челниците на УЕФА потврдија дека барем до 2015-та година немаат намера да го менуваат правилото со кое шест фудбалери од Челси и Баерн Минхен ќе го пропуштат финалето од Лигата на шампиони заради жолти картони.

Баерн Минхен фаворит според обложувалниците

Светските обложувалници веќе ги објавија своите понуди за финалето од Лигата на шампиони каде Баерн Минхен е фаворит против Челси. Според обложувалниците, најголема е веројатноста дека натпреварот ќе заврши со резултатот 1:0.

Во Минхен веќе се бараат милиони влезници

Баерн Минхен ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампиони, но на натпреварот против Челси тие освен предноста од домашниот терен, нема да имаат многу поголема поддршка од своите навивачи.

Каде заврши пеналот на Рамос

Најпрво НАСА соопшти дека топката од пеналот на Рамос ќе слета во близина на Сарамзалино, но тоа била грешна информација. Еве каде всушност заврши.

Баерн Минхен преку пенали до финале против Челси

Вториот финалист во Лигата на шампиони беше одлучен по квалитетна фудбалска претстава со траење од 120 минути во чија завршница поуспешна беше екипата на Баерн која по изведувањето на пенали обезбеди финале на својот стадион во Минхен.

Месарот Ди Матео го препороди Челси

Привремениот тренер на Челси, Роберто Ди Матео кој за малку наместо фудбалер ќе станел месар, го препороди тимот и го одведе до финалето на Лигата на шампиони и ФА купот со што дефинитивно ја заслужи довербата од Роман Абрамович.

Реал и Баерн во конечна пресметка за финале

Вечерва ќе го добиеме и вториот финалист во Лигата на шампиони на натпревар на кој Реал Мадрид на Сантјаго Бернабеу ќе се обиде да ја надмине предноста од 2:1 на Баерн Минхен од првиот полуфинален натпревар.

Уништено славјето на Ивановиќ

Малку фалеше дефанзивецот на Челси, Бранислав Ивановиќ да се расплаче по елиминацијата на Барселона откако новинарот му кажа дека заради жолтиот картон нема да може да игра во финалето.