Таг: лига на шампиони

Италијански новинар доби црвен картон на Бернабеу

Џорџо Кјелини не бил единствениот кој решил да ги провоцира мадридистите дека со мито ја завршија работата во четвртфинале. Познатиот новинар и водител на Медиасет, Мино Тавери им извади банкота на навивачите на Реал, а обезбедување го отстрани од трибина бидејќи можеше да дојде и до тепачка.

Рома продава карти за полуфинале против Ливерпул

Римјаните направија огромна сензација во ЛШ против Барселона и делуваат некако нестрпливи за ждрепката, па сами си го избраа следниот противник кој можеби и го посакуваат.

Кој е судијата кој свирна пенал и го разгневи Буфон?

Мајкл Оливер ги учел судиските правила уште на 4 години и денес е најмладиот судија во англиската Премиер лига. Неколку пати го критикуваа Венгер и Мурињо но од ФА сезонава му довериле дури 33 меча во најдобрата англиска лига.

„Не знам што се чудите, лани на Баерн му се случи ова, сега нам“

Изјави од крајност во крајност - исти онакви какви што беа процените за тоа дали бил или не бил пенал. Со исклучок на Дел Пјеро кој делува зачуден од изреченото на Буфон.

Глупоста на Рамос поради која можеби ќе пропушти и полуфинале

Како што соопшти Cadena COPE, делегатот на УЕФА во својот записник после мечот запишал дека Серхио Рамос и покрај суспензијата, се појавил во подтрибинскиот простор.

Лига на шампиони во собрание

Ние од спортска не пратевме дали пратениците синоќа и изгласаа недоверба на владата, ама забележавме дека му дадоа доверба и предност на мечот Реал Мадрид - Јувентус. Ноќна собраниска седница во спортска среда изгледа вака:

Најверните Македонци на Реал грла оставија на Бернабеу

Нема да има навивач на Реал и Јуве кој ќе го заборави ова четвртфинале, едно од најдраматичните во историјата на ЛШ. На овие првиве им се посреќи во 97-ма, а нашите од македонскиот фан клуб кои отпатуваа во Мадрид останаа да слават на стадион уште едно полувреме.

Му го згрешиле ливчето и фатил 42.400 евра на Рома!

Некој прогнозер во Јамајка кога видел дека во кладилница му го згрешиле типувањето, се затрчал да смени но веќе било касно. И среќа негова што било доцна.

Да ја тепаш Барса со напаѓачки фудбал треба да си Ди Франческо

„Умешноста на војување“ од кинескиот воен теоретичар Сун Цу е омилено дело на тренерот на Рома кој синоќа демонстрираше како да го победиш непријателот кога е појак од тебе.

Тепачката меѓу навивачи на Ливерпул и Сити

Двајца „скаузери“ не нашле карти за гостинскиот сектор па морале да седат на една од домашните трибини. При прослава на вториот гол на Ливерпул малку требало за да настане хаос. Среќа навреме реагирале редарите па ги раздвоиле.

Бројките на гладијаторот

Иако не може да се издвои ниту еден јунак од синоќа затоа што изгинаа и Манолас и Џеко и Флоренци и Коларов, сепак еден човек како најмногу од сите 80 и кусур илјади на стадионот да ја посакуваше победата. Капитенот Даниеле Де Роси.

Трето полувреме низ улиците на Рим

Туристите што не пратат фудбал сигурно синоќа си помислиле дека Рома освоила Лига на шампиони. Барем така изгледаше амбиентот во центарот на италијанската метропола.

Коментаторот на Рома го остави гласот на стадион

Сте го слушнале ли вие Карло Ѕампа, човекот со гласни жици како женски сопран? Епа сабајлево е примен на оториноларинголог за да му кажат дали ќе може да го коментира следниот натпревар на Рома.

Наинголан ја сними атмосферата во соблекувалната на Рома

По пауза од 34 години Рома се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите. Барселона не е Беневенто, што значи ова е сосема очекувано славје во кое се најде и ќерката на Џеко.

Твитерџијата на Рома целосно одлепи

Веројатно најлудиот твит некогаш напишан од страна на човекот кој е задолжен за официјалниот Твитер на Рома е овој вечерва после последниот свиреж на судијата. Рома - Барселона 3:0 и не знам што куцам на тастатурата.

Солзи радосници на Олимпико, Барселона е елиминирана

Ако за некој натпревар сезонава во ЛШ треба да се каже чудо, тоа е вечерашното четвртфинале на кое Барселона е во нокаут. Загуби 3:0 и се збогува од Лига на шампиони. Во полуфинале со Рома, патува и Ливерпул кое одново го совлада моќниот состав на Гвардиола.

Смешната шева на Сити со Бернардо Силва

Првите 3-4 пати додека ја лупаат накај тебе не сфаќаш дека те местат. А кога ќе сфатиш веќе е касно и си испаднал. Тоа му се случи на Португалецот Бернардо Силва на тренинг на Сити.

Валканата Барселона во ЛШ

Не зборуваме за Меси, Иниеста и Бускетс, туку за едно друго време со капитенот Јохан Кројф. Ова е пресек од реванш полуфиналето меѓу Барселона и Лидс во 1975-та на Камп Ноу пред 110.000 публика. Каталонците ги гледаме во едно нетипично издание со грди стартови. Малку е чудно што Лидс добија црвен, а не Барса, ама затоа Англичаните се пласираа во финале кое го загубија од Баерн.

Чуден факт на денот

Што е сега работава, Барса има многу јака одбрана или другиве се пацери во одбрана? Рома и Спортинг си заковаа по два автоголови, а Олимпијакос еден.

Врти-сучи Клоп го води Пеп 7-5

Харизматичниот Германец е единствен тренер кој одиграл повеќе од 10 средби против неверојатниот Гвардиола а притоа повеќе пати да го победува.

Ливерпул го згроми Сити, Барса убедлива против Рома

По Реал и Баерн синоќа, голема работа околу пласманот во полуфинале на Лига на шампиони завршија вечерва Барселона и Ливерпул. Рома си даде два автогола, а Џеко е прв играч на „Волчицата“ кој дал 5 гола во една сезона од ЛШ.

Страшен гол на Роналдо, Реал и Баерн завршија работа

Четвртфиналната вечер во Лига на шампиони ќе биде запаметена по долгиот аплауз кој навивачите на Јувентус му го приредија на Кристијано Роналдо за неверојатниот гол со ножички. Баерн ја освои Андалузија.

Златен фудбалски месец

Денот на шегите беше во неделата, а ова што ќе го прочитате воопшто не е шега. Ви требаат само две работи за да го остварите: Пиво и слободни денови кај жените. Па има ли маж кој нема да затрепери кога ќе види што следува.

Гатузо во улогата мој, мој преку мој

Со пет победи по ред во Серија А, Џенаро Гатузо го освежи Милан и го приближи до местото кое води во Лига на шампиони. Од управата најавија дека ќе му го продолжат договорот, а на пресот пред мега-дербито со Јувентус, новинарите по којзнае кој пат го закачаа за договорот па му пукна филм.