Јуп Хајнкес имаше историска шанса да ја брка тројната круна со Баерн Минхен, подвиг кој му успеа во 2013-та. Бундеслигата му е веќе освоена, на 19 мај ќе го игра финалето во националниот Куп против Ајнтрахт Франкфурт, а синоќа му избега борбата за третиот трофеј.
Баерн беше подобар противник во двата дуели со Реал, имаше повеќе посед на топка и повеќе шанси и во Минхен и во Мадрид. На првиот дуел статистички беше подобар со 10:6 во удари (5:4 во рамки на гол), а на реваншот 15:9 во удари (8:3 во рамки на гол).
Но неговите избраниците од една страна сами се криви што испуштија толку шанси, а од друга страна си имаа работа со расположениот Навас. Европскиот првак и покрај тоа што одигра далеку под нивото на овие две средби, успеа да стигне трета година по ред до финале.
Frank Lampard: "This isn't the Real Madrid of the last few years. They've had an incredible amount of luck." pic.twitter.com/BVjzzp989T
— Indy Football (@IndyFootball) May 1, 2018
Големата утка на Родригез
Одличниот рефлекс на Навас
Уште една одлична одбрана на Навас
На крајот и топката ја промашија