Кеси утна срамен зицер, судијата свирна офсајд, а не беше. Ѕаѕа излезе сам пред гол, се излизга и наводно се повреди. Пјонтек од едно метро со глава, како да ви кажеме. Со други зборови требаше да заврши 3:3, ако влезеа сите три.
Баерн и Реал имаа полуфинален двобој во Лигата на шампионите како што ги личи. Играа отворен и напаѓачки фудбал, посебно Германците со многу возбуда и неизвесност која заврши со вкупно 7 голови. Баварците доминираа, Кралевите се финалисти, ете тоа е фудбалот.
Германскиот првак долго ќе жали за купот пропуштени шанси против европскиот првак. Левандовски, Милер, Рибери и компанија толку многу се изнапромашија, што е недозволиво за полуфинале од ЛШ. Да го неместеа нишанот како што треба можеа уште вечерва со една нога да бидат во Киев. На крај им стигна казната.
Лево е Марта Рамос, чистачка во главното седиште на денешниот гигант Епл. Истата работа што Геил Еванс (десно) ја имала во просториите на некогашниот гигант Кодак.