Германскиот првак долго ќе жали за купот пропуштени шанси против европскиот првак. Левандовски, Милер, Рибери и компанија толку многу се изнапромашија, што е недозволиво за полуфинале од ЛШ. Да го неместеа нишанот како што треба можеа уште вечерва со една нога да бидат во Киев. На крај им стигна казната.