Кристијано Роналдо, најдобриот фудбалер на светот според изборот на ФИФА стигна до неверојатно достигнување - 6-то финале во Лига на шампиони во кариерата. Два пати Португалецот ги играл дуелите за највредниот трофеј како играч на Манчестер Јунајтед, а на 26. мај во Киев по четврти пат ќе се бори за пехарот како фудбалер на Реал.
За мадридската династија ова е трето финале по ред во новата епоха на турнирот (почната од сезоната 1991/1992).
Серијата на Реал Мадрид е во најголем дел заслуга и на тренерот Зинедин Зидан којшто тренерската кариера ја почна пред помалку од 2,5 години: во јануари 2016-та Зизу ја презеде екипата по оставката на Рафаел Бенитез и на два пати по ред ја освои Лигата на шампионите.
Шест финалиња на Лига на шампиони од кога се игра во вакво издание нема никој, а вкупно во историјата и како Куп на Европски шампиони Паоло Малдини има фасцинантни 8 финалиња колку што има и Хенто некогашен играч на Реал. Интересно од првото до последното финале во КЕШ (ЛШ) на Малдини има разлика од цели 18 години!
Седум финални натпревари во најважниот натпревар во клупскиот фудбал има легендарниот Алфредо Ди Стефано.
И од сите шест одиграни финалиња, Роналдо загубил само еднаш - во 2009-та како играч на Манчестер Јунајтед од Барселона. Лионел Меси има вкупно 3 финалиња во ЛШ и сите три победнички (во финалето на ЛШ 2006 не играше).