Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс се нови НБА шампиони, откако синоќа го совладаа Кливленд и ја затворија серијата со конечни 4-2 во победи. Андре Игудала МВП на финалната серија.
Нема да освои МВП, но неговиот тренер веќе го прогласи за најголем адут во финалната серија. „Против Леброн секогаш носи најдобри одлуки, за што сведочат и 7-те асистенции и ниту една загубена топка", изјави Кер за Андре Игудала.
Четири натпревари Кливленд Кавалирс се потпираа на надчовчеките офанзивни способности на Леброн Џејмс, а синоќа на петтиот натпревар конечно и Стеф Кари покажа зошто е МВП и го доближи Голден Стејт до првата титула после 40 години.
Неговата желба додека играл во колеџ лигата е да заигра во НБА и да стане најдобар. Ете го во НБА со две шампионски титули и во трка за трета. Го прашуваат и за американскиот фудбал кој престанал да го игра откако го скршил зглобот.
Човекот со мисија, Леброн Џејмс се наоѓа на две победи од еден од најголемите подвизи во историјата на НБА финалињата. Кливленд синоќа го совлада Голден Стејт, а јунак од сенка на Кавси е Австралиецот Метју Делаведова.
Предводени од Кралот Џејмс, кошаркарите на Кливленд успеаа да стигнат до брејк на вториот гостински дуел против Голден Стејт и да израмнат на 1-1. Очајниот шут на Кари го пресуди мечот, во среда се игра третиот во Охајо.
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс поведоа со 1-0 во големото финале, откако синоќа после продолжението го совладаа Кливленд Кавалирс 108-100. Леброн Џејмс не можеше сам против тимската игра на Воините кои ги поделија поените. Ирвинг се повреди во финишот.
Најдоброто ниско крило на сите времиња против најдобриот шутер на сите времиња. Досега невидено атрактивната и иновативна игра на Вориорси против Леброн и дружината кои се решени да пишуваат историја. Никогаш со такво нетрпение и спортска љубопитност не сум очекувал да започне финалната серија.
Освен што и двајцата го креваа трофејот за МВП на годината, најдобрите кошаркари во НБА се родени во исто место, во иста болница во Охајо. Само два пати во последните седум години МВП кошаркари не биле родени во иста болница.
Кливленд води 3-0 во серијата против Атланта Хокс, а Леброн Џејмс уште еднаш покажа дека на тимот не му е потребен тренер кога тој е на паркетот. Командува со екипата, соиграчите го слушаат и Кливленд лесно се справува со противниците.
Џеј-Ар Смит постигна осум тројки и практично сам му овозможи на Кливленд триумф над Хокси 97:89 во првиот натпревар од финалето на Источната конференција. Леброн го престигна Џордан на плејоф поентерската листа.
Кошаркарите на Кливленд влегоа во конференциското финале и го чекаат противникот. Кој ќе биде финалист на западот ќе се знае после седмиот натпревар меѓу ЛА Клиперс и Хјустон Рокетс.
Кошаркарите на Вашингтон и Кливленд се пласираа во следната рунда на источната конференција. ЛА Клиперс го доби Сан Антонио и израмни на 2-2 во серијата, во која Далас уште се држи со Хјустон Рокетс.
На Чикаго Булс му требаше две продолженија за да го совлада Милвоки и да поведе 3-0 во плејоф серијата. Леброн го водеше Кливленд до гостинско славје во Бостон, а Кари како по обичај лидер на Вориорс.
Синоќа во НБА плејофот се одиграа четири натпревари, а победи славеа Кливленд, Мемфис, Атланта и Лос Анџелес Клиперс. Нова повреда за првотимец на Хокси.
Клеј Томпсон го предводеше Голден Стејт до нов сезонски триумф, а Леброн Џејмс со трипл-дабл учинок потврди дека игра во одлична форма. Атланта загуби од Њујорк Никс.
Џејмс Харден постигна 41 поен во триумфот на Хјустон Рокетс над Оклахома Тандер 115:112. Пол Џорџ се врати на теренот, а трипл-дабл учинок имаше Леброн Џејмс.
Нема ден нивните имиња да не ги окупираат насловите на спортските медиуми. По апсолутната доминација на Леброн Џејмс во изминатите години, сезонава дури четворица играчи имаат подеднакви шанси да ја добијат наградата за најдобар играч во регуларниот дел.
Голден Стејт Вориорс, Хјустон Рокитс и Кливленд Кавалирс славеа победи на единствените три натпревари синоќа во НБА. Се повреди Двејн Вејд, а Голден Стејт победи со звукот на сирената.