Кливленд ја заврши работата, Хјустон со пресврт избори мајсторка

Кошаркарите на Кливленд влегоа во конференциското финале и го чекаат противникот. Кој ќе биде финалист на западот ќе се знае после седмиот натпревар меѓу ЛА Клиперс и Хјустон Рокетс.

ХЈУСТОН РОКЕТС - ЛА КЛИПЕРС 119:107 (3-3)

Клиперси имаа 19 поени предност и голема шанса да ја завршат серијата, но Хјустон носен од Кори Бруер обезбеди последна решавачка средба.
 
Рокетси во последната четвртина играа без Џејмс Харден кој постигна вкупно 23 поени. Двајт Хауард уфрли 20 поени и дури 21 скок, а Бруер даде 19 од кои 15 во клучната последна четвртина. Кај тимот од Лос Анџелес, Крис Пол уфрли 31 поен и 11 асистенции а Блејк Грифин 28 поени.
 
Одлуката ќе падне во Хјустон во недела вечер.
 
Фуриозна 4-та четвртина за Ракетите:
Блејк Грифин поентираше без гледање:
 
КЛИВЛЕНД - ЧИКАГО 94:73 (4-2)

Кавси успеаа да ја завршат работата во шестиот натпревар. Иако не доминираа Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг, Кливленд прилично лесно се справи со Биковите и обезбеди пласман во конференциското финале. Леброн го заврши мечот со 15 поени, 11 асистенции и 9 скокови. Кајри Ирвинг се повреди и замина во соблекувалната уште во првиот дел.
 
Играч на мечот беше резервистот Делаведова со 19 поени. Тристан Томпсон додаде 13 поени со 17 скокови. Кај Чикаго Дерик Роуз запиша 14 поени а Џими Батлер 20. За 13 минути на паркетот, Никола Миротиќ постигна 7 поени а Пол Гасол даде 8 и тоа сите во првата четвртина.
 
 
Врвна партија на Метју Делаведова од Кливленд:
 
ТОП 5 поени на вечерта: