Што имаат заедничко Леброн Џејмс и Стеф Кари?

Освен што и двајцата го креваа трофејот за МВП на годината, најдобрите кошаркари во НБА се родени во исто место, во иста болница во Охајо. Само два пати во последните седум години МВП кошаркари не биле родени во иста болница.

Финалната серија во НБА почнува на 4. јуни а ќе играат Кливленд и Голден Стејт. Во следните денови се очекуваат многу анализи за Стефон Кари, сезонскиов МВП и лидер на најдобриот тим во лигата и за Леброн Џејмс, човекот што пет пати беше прогласуван за МВП.

Вашингтон Пост открива дека Кари и Леброн се родени во иста болница во Акрон, Охајо со разлика од 39 месеци затоа што Леброн е роден во декември 1984-та а Кари во март 1988-ма.

Леброн Џејмс е најпознатиот кошаркар кој доаѓа од Акрон и од таа причина нормално беше што брзо се договори со Кливленд кој го одбра како прв пик на драфтот во 2003. година. Седум години подоцна, Леброн замина во Мајами.

Колку е приврзан со Охајо, Леброн потврди и пред враќањето во Кливленд, кога реши да стави крај на шпекулациите.

„Пред некој да почне да се грижи каде ќе играм кошарка, само да потсетам дека јас сум дете од Северно Охајо“.

Кари не е толку поврзан со Акрон и Охајо, затоа што неговиот татко Дел играше само една сезона во Кливленд пред да замине во Шарлот Хорнетс каде играше 10 години. За тоа време Стефон Кари растеше во Северна Каролина каде играше кошарка за колеџот Дејвидсон.

Кога Кари ја доби наградата за најдобар играч годинава во НБА, Џејмс изјави: „Мислам дека е одлично што уште едно дете од Акрон, Охајо ја освои МВП наградата“.

Според тоа, само два пати во последните седум години (Дерик Роуз во 2011 и Кевин Дурент во 2014) двајца МВП играчи не биле родени во иста болница.