Триумф на Голден Стејт, Кливленд го загуби Кајри Ирвинг

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс поведоа со 1-0 во големото финале, откако синоќа после продолжението го совладаа Кливленд Кавалирс 108-100. Леброн Џејмс не можеше сам против тимската игра на Воините кои ги поделија поените. Ирвинг се повреди во финишот.

ГОЛДЕН СТЕЈТ - КЛИВЛЕНД 108:100

Историјата покажува дека победникот на Game 1 во големото финале во 71% од случаевите ја освојува и титулата. Токму од таа причина првиот дуел беше императив за Кливленд Кавалирс да поведат синоќа. Кавси играа добра кошарка целиот натпревар, но во продолжението, кога најмногу требаше, Голден Стејт ја израдува преполната Орекл Арена.
 
Леброн Џејмс го имаше последниот напад за победа при резултат 98:98, но Андре Игудала не му дозволи да испрати отворен шут, по што мечот отиде во продолженија. Кавси промашија 12 шутеви по ред во последните шест минути од последната четвртина и продолжението и поразот беше неминовен.
 
Џејмс постигна 44 поени со 18/38 од игра, додаде седум скокови и шест асистенции но тоа не беше доволно за брејк во Голден Стејт. Најлоша вест синоќа беше повредата на Кајри Ирвинг, кој незгодно згази при еден обид да го помине Клеј Томпсон. Ирвинг кривеше додека го напушти паркетот и неизвесен е за следните натпревари.
 
До тој момент, Ирвинг беше одличен со 23 поени и блокада над Стефон Кари пред крајот, која му овозможи на Лебон Џејмс да проба да донесе победа. Кај Голден Стејт, Стефон Кари уфрли 26 поени so 8 асистенции, а Клеј Томпсон додаде 21. И двајцата погодија вкупно 12 слободни фрлања. Одлична вечер имаше и Тристан Томпсон кој имаше 15 скокови од кои 6 офанзивни.
 
Следниот натпревар се игра во недела во Оукленд.

Хајлајтс од мечот:
ТОП5 потези на вечерта:
 

Поените на Игудала без патика:
 
Стефон Кари го измрда Леброн:
 
Блокадата на Кајри Ирвинг со која Кливленд имаше напад за победа:
 
Едно од најубавите забивања синоќа, на Андре Игудала: