Таг: квалификации за сп 2018

Лихтенштајн нѝ е редовен пациент со кој имаме гол разлика 23:4

И покрај тоа што натпреварот нема ништо да смени на табелата, вечерашниот дуел против аутсајдерот кој има 37.340 жители и се наоѓа на 187-ма позиција на ранг листа на ФИФА, мора да биде лесни три бода и ништо помалку од тоа.

За Македонија во Торино грмеа 5.000 нашинци

Историскиот нерешен резултат против велесилата Италија потсетува на оние легендарни 2:2 против Англија во Саутемптон, но овој меч нашите репрезентативци ќе го паметот и по огромната фешта на Македонците кои живеат на чизмата. Несторгол им подари дрес.

Италија може да не оди на Светско после ремито со Македонија

Скоро па незамисливо е да се гледа Мундијал без Аргентина или Италија, две селекции кои го симболизираат најголемиот фудбалски собир на светот. Но за „Аѕурите“ работите не одат добро, па ги чека неизвесен период.

Газета: Македонија вреди повеќе од 103-то место на рангот на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација одигра машки фудбал против четирикратниот светски првак и целосно заслужено им откина бод кој никој не го очекуваше. Медиумите силно удрија по Вентура и неговите избраници и највисоките оценки им ги дадоа на Пандев и Трајковски.

Фантастична Македонија до историски бод со Италија

Во претпоследното коло од квалификациите за Светско првенство 2018, македонската фудбалска репрезентација забележа историски резултат откако ремизираше со Италија на гости 1-1 (1-0).

Како е да се игра фудбал на 3.637 метри надморска висина

„Боливија дома си гази“ е една од честите маалски фрази кога се гледаат паровите од Јужна Америка. И не случајно е така, затоа што Боливија дома има голема предност над противникот кој не знае кај е лево на толкава висина.

Како е можно Аргентинциве толку да се пацери?

Со Меси, Дибала, Ди Марија, Игуаин, Лавеци и Икарди нападот на Аргентина треба да дроби, а замислете тие имаат само 6 победи на 17 квалификациски средби. Кикснат ли на следната, Светското ќе го гледаат кај Меси дома со пуканки.

На кој што му треба за да патува на Светско 2018?

Уште две кола нè делат до крајот на квалификациите за Мундијалот во Русија а после нив ќе се игра и ужасно тешкиот бараж во ноември, последно скалило на патот кон Светското. Скенираме на кој што му треба до крајот.

10 минути Меси за репрезентација

Неговата Аргентина на 5. и 10. октомври ја очекуваат клучните два натпревари за пласман на Светското првенство 2018 против Перу дома и Еквадор на гости. На тие дуели Меси ќе се обиде да повтори нешто од овие потези.

Зошто Италијанците ѝ се благодарни на Македонија

Италијанската јавност со пофални зборови до македонската репрезентација за која велат дека им помогнала што ја задржала Албанија на пристојна дистанца (6 бода) од второто место кое води во бараж.

Балистите не можеа да скандираат „УЧК, УЧК“. Штета.

Навивачите на Шкендија се пожалија дека не ги пуштиле на мечот Македонија - Албанија иако прописно набавиле карти за натпреварот. Две работи:

Албанија се извлече во Струмица против доминантната Македонија

Со вкупно 21 удар од кои 9 во рамки на гол и посед на топка 58%, македонската фудбалска репрезентација целосно го надигра фаворизираниот сосед и учесник на ЕП 2016. Штета за нерешениот резултат. Етрит Бериша излезе херој на мечот.

Перфектната игра со која Шпанија ја суреди Италија

Шпанија не е мртва и нека не ве лаже елиминацијата на СП 2014 уште во групи дека се во криза. Ако Светскиот (2010) и Европски првак (2008 и 2012) тогаш личеше на Барселона, сега го споредуваат со Реал Мадрид. Еве зошто.

Луксембург вреди 40 пати помалку од Мбапе и има освоено 24 бода за 87 години

Како и да фати човек да го анализира синоќешното чудесно реми меѓу Луксембург и Франција, на крај само ќе заклучи дека стварно е чудесно. Се работи за 500.000 народ со вкупно пет победи во историјата на мундијалските квалификации. Судеше Александар Ставрев.

Ќе реагира ли ФИФА на нацистички скандирања од Германците

Во петокот Германија гостуваше кај Чешка во квалификациите за Светско, победи 1-2, но мечот остана во сенка на скандалозното однесување на дел од гостинските навивачи во Прага.

Италија поразена во квалификации после 11 години!

Џиџи Буфон нема по добро да го памти 170. меч во репрезентацијата затоа што Италија загуби убедливо 3-0 од Шпанија и сосема сигурно ќе остане втора зад Шпанија во нашата група Г.

Грандисимо Пандев го сруши Израел и прекина пост стар 9 години

По серијата одлични игри во овој квалификациски циклус, на македонската фудбалска репрезентација конечно и се посреќи. Втора победа после онаа со Лихтенштајн 0:3 и втора на гостински терен.

Неверојатните ножички на Кристијано за Португалија

Само две минути му требаа на Роналдо да го отвори резултатот на мечот Португалија - Фарски Острови од квалификациите со страшна ножичка.

Зошто Раџа Наинголан е избркан од репрезентацијата на Белгија

Еден од најдобрите фудбалери во Европа во изминатите неколку сезони, се соочува со крај на репрезентативната кариера откако ја спукал со селекторот Мартинез.

Новинар во Романија дошол на прес-конференција со трска

Да, да со трска за по риба. Криштоф Даум, легендарниот Германец кој сега е селектор на Романија не е во добри односи со новинарите од весникот Gazeta Sporturilor за кои рекол дека „се добри за да одат по риба“. На првата следна прес-конференција новинар од Gazeta Sporturilor му дошол со подарок но Даум се навредил.

Саудијците одбија минута молк за жртвите од Лондон

Во квалификациите за Светско 2018, Австралија ја пречека Саудиска Арабија и ја победи со 3-2, но резултатот ќе остане во втор план поради скандалот кој го направија гостите.

Новиот лидер на Шпанија кој почна во втората лига

Во репрезентацијата на Шпанија настапи смена на генерација, па во последните шест месеци навивачите видоа многу лица. Еден фудбалер посебно „го купи“ селекторот Хулен Лопетеги кој го промовираше во нов лидер на Фуријата.

Британец тргнал да зема интервју од балкански навивачи

Пред мечот Црна Гора - Полска (1:2) од квалификациите за СП 2018, еден британски новинар сакал да слушне збор-два од црногорските навивачи. А слушаше нешто друго.

Роналдо доби статуа која баш и не личи на него

Најдобриот фудбалер во историјата на Португалија ги израдува мештаните на градчето Фуншал каде неговата репрезентација ја пречека Шведска во пријателски меч.