Споредбите помеѓу Меси и Роналдо веќе станаа досадни. Овој пат ги имаме двајцата волшебници со топка кои го носат едно од најславните презимиња во фудбалот. Шест минути празник за очи, односно класично кршење на кичми.
Според „Repucom", светски лидер за истражување на спортскиот маркетинг, Кристијано Роналдо ја има стекнато славата на светска ѕвезда повеќе од своите противкандидати за освојување на признанието на ФИФА.
Се ближи крајот на 2013-та, па време е да почнеме со сумирањето. Ова се статистиките од продажбата на дресовите до ноември кои нема многу да се променат до крајот на годината.
Гласањето за најдобар фудбалер за 2013 година заврши на 15 ноември, но така повеќе не мислат луѓето од Светската куќа на фудбалот кои откако завршија бараж средбите за Мундијалот во Бразил одлучија да го продолжат рокот за гласање.
Селекцијата на Шведска прими четири гола од Кристијано Роналдо и ќе го гледа Мундијалот од дома, но ПР луѓето на Пепси во оваа земја овој пат си постигнаа и автогол.
Кој е подобар мајстор на фудбалската игра од Меси и Роналдо можеби е само предмет на убедување, но на „Кралската ѕвезда“ има нешто да му каже братот на Меси.
Баражите за пласман на СП во Бразил ќе ни донесат одлични фудбалски пресметки, но и еден индивидуален его дуел: Кристијано против Златан. Вакви дуели имало и претходно, па дури и еден организиран од Ерик Кантона пред тој да почне да глуми во порно филмови.
Ѕвездата на Реал Мадрид, Португалецот Кристијано Роналдо претставува голема опасност за противничките голмани, но и најголема закана за вашите компјутери. Зад неговото име на интернет се кријат најмногу вируси.
Веднаш по објавувањето на имињата на кандидатите за наградата за најдобар фудбалер на годината, кладилниците го фаворизираа Лионел Меси, но откако тој се повреди, сега главен фаворит за наградата е Франк Рибери.
Најк отсекогаш знаеле како се прави добра реклама која ќе ве импресионира, но последната нивна кампања со Кристијано Роналдо ќе ве остави без зборови и ќе ве претвори во еден голем прашалник.
Изведувањето на пенали не е само шутирање со „пуна" каде ти дојде. Тоа е уметност за која фудбалерот треба да поседува вештини. Некои играчи се имаат усовршено во ова, но спротивно од општото мислење, Балотели не е најдобар пеналџија во последно време.
Помошникот на Дејвид Мојс, Фил Невил кој беше играч на Манчестер Јунајтед, во новиот документарец за Роналдо раскажува како моментно најскапоплатениот фудбалер на планетата ги нервирал постарите колеги на „Олд Трафорд“ кога симулирал прекршоци.
Љубителите на спортот и интернетот будно ги следат сите потези на своите идоли на социјалните мрежи каде се и сешто може да дознаат или да видат со нив. Токму тој број на фанови кои го имаат на Фејсбук, покажува кој ја има најголемата слава.
УЕФА ги соопшти имињата на тројцата фудбалери кои влегоа во најтесниот избор при гласањето за најдобар фудбалер во Европа, а според очекувањата на јавноста и на кладилниците, Кристијано Роналдо и Франк Рибери немаат шанса со Лионел Меси.
Голманите отсекогаш стравувале од ударите на Кристијано Роналдо, но од неговите „проектили" почнаа да страдаат и гледачите. Португалецот со силен шут од слободен удар му скрши рака на 11-годишен навивач на Борнмут.
Профитот на англиските клубови се однесува за период од 5 години, а тоа е и показател колку врвни играчи биле продадени од островот. Секако во оваа енормно голема заработувачка се наоѓа рекордниот трансфер на Кристијано Роналдо во Кралскиот тим.
Летниот преоден рок пред 4 години се уште го држи рекордот по најскапиот трансфер во историјата на фудбалот кога Роналдо ги засили Кралевите за сума од 94 милиони евра. Само еден играч во моментов е највреден на пазарот и тоа двојно повеќе од него, но за сега никој не се осмелува да ја достави таа понуда.
Според магазинот „Форбс", специјализиран за економија и финансии, преминот на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид пред 4 години се уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.
По пензионирањето на Алекс Фергусон започнаа да се шират шпекулациите околу промените во тимот на Манчестер Јунајтед, а една од гласините е поврзана со враќањето на Кристијано Роналдо, но тој самиот ги демантираше овие гласини и тоа преку прослава на гол.
Не ги претставуваме како ривали. Алекс Морган е згодна фудбалерка од Америка која на натпреварот против Германија постигна фино голче, исто како она на Роналдо од пред некое време.
Фан шопот на Реал Мадрид е можеби најпопуларното место во главниот град на Шпанија, каде се уште се чекаат редици за да се дојде до белиот дрес со број „7". Иако е веќе четврта сезона дел од Кралскиот тим, интересот за дресот на Роналдо постојано расте.
Атрактивниот спортски автомобил на Кристијано Роналдо кој го заби во ѕид пред четири години, повторно е ставен на аукција. Од сајтот се сомневаа и го тргнаа од продажба со образложение дека не постоеле докази дека му припаѓа на славниот фудбалер.