Ферари 599 GTB кое Кристијано Роналдо го искрши во 2009-та година во Франција се продава на интернет.
Веднаш по несреќата автомобилот го купи еден Французин за 40.000 евра и планираше да го препродаде. Роналдо го имал купено Ферарито за околу една негова неделна плата која ја имаше во Манчестер Јунајтед (околу 150.000) евра, а Французинот планираше да ја продаде за 300.000 евра.
Првичниот план не му успеа, па сега тој преку познатиот германски сајт за препродажба на автомобили, mobile.de го нуди за 50.000 евра.