Голем број на селектори и капитени на националните тимови кои гласаат при изборот за најдобар фудбалер на годината, веќе објавија на кого му ги доделија гласовите, а уредниците на шпанската ТВ програма „Тики така" спроведоа и дополнителна анкета.
Според Шпанците, познати се гласовите на една петтина од гласачите и веќе може да се предвиди добитникот на „Златната топка".
Познати се 20,3% од гласовите доделени пред да бидат објавени тројцата финалисти и резултатите посочуваат дека оваа година победник ќе биде Кристијано Роналдо со 36,11%.
Зад него е Лионел Меси со 24,27% а Франк Рибери со 22,22% е на третата позиција.
Победникот ќе биде прогласен на свеченоста која ќе се одржи на 13 јануари во Цирих.