Роналдо го победи Меси според најстарите фудбалски награди

Реномираниот World Soccer по 31-ви пат ги додели признанијата за најдобрите во светот на фудбалот. Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар фудбалер, а најмногу поени од Македонија отидоа за Меси.

Првата награда на World Soccer магазинот во 1982-та година му беше доделена на Паоло Роси, а оваа година тие по 31-ви пат ги додија признанијата за најдобриот фудбалер, тренер и тим. Со тоа ова признание е најстарата награда која се доделува во светот на фудбалот.

Кристијано Роналдо со 1075 гласови се најде на првата позиција пред Лионел Меси со 926 и Франк Рибери со 870 поени.

Признанието за најдобар тренер ја доби Јуп Хајнкес, а најдобра екипа е Баерн Минхен.

Наградите беа доделени според гласовите на новинари, фудбалери и тренери од целиот свет.

Од Македонија гласаше новинарот Милорад Стојмановски, а неговиот гласови отидоа за:

Играч (од 10 до 1 поен): 1. Меси, 2. Кристијано Роналдо, 3. Ибрахимовиќ, 4. Рибери, 5. Иниеста, 6. Левандовски, 7. Ван Перси, 8. Нејмар, 9. Озил, 10. Бејл.
Тренер: Јирген Клоп
Екипа: Баерн Минхен

13 декември 2013 - 08:58