По четири награди за најдобар светски фудбалер, односно три во серија откако се обединија ФИФА и магазинот Франс фудбал при доделувањето на признанието, Лионел Меси беше фаворит за освојување на уште една „Златна топка".
Откако ФИФА ги објави имињата на 23 кандидати за наградата за најдобар фудбалер, кладилниците на Лионел Меси му одредија коефициент 2,1. Зад него беа Франк Рибери и Кристијано Роналдо со коефициент 3,75.
Но Меси се повреди и ќе отсуствува од терените до крајот на годината, а според многумина, тоа значи дека тој ги губи шансите за петто признание за најдобар фудбалер.
Сега главен фаворит е Франк Рибери. Французинот го предводеше Баерн Минхен до титула во Бундеслигата, германскиот Куп и Лигата на шампиони, па кладилниците сметаат дека сега тој е најзаслужен за „Златната топка" и коефициентот за него падна до 1,9.
И покрај тоа што Роналдо ја игра една од најдобрите години во неговата кариера, кладилницте сметаат дека Меси се уште има поголеми шанси за признанието. Коефициентот на Меси е 3,25 а на Кристијано Роналдо 3,5.