Роналдо, Рибери и Меси во борба за Златната топка

Светската куќа на фудбалот ги објави тројцата финалисти за признанието за најдобар фудбалер во светот. Меси, Рибери и Роналдо се во трка за Златната топка.

И покрај повредата која го оддалечи од терените кон крајот од сезоната, Лионел Меси повторно се најде помеѓу тројцата финалисти за освојување на Златната топка. Меѓутоа тој не е се уште фаворит како до пред еден месец.

Според кладилниците, во моментов главен фаворит е Кристијано Роналдо кој значително си ги зголеми шансите за освојување на наградата откако ја однесе својата репрезентација на Светското првенство. Коефициентот за Роналдо е 1,5 а за Меси е 2,75.

Франк Рибери освои најмногу пехари во 2013-та година, но според кладилниците тој има најмалку шанси од тројцата финалисти и неговиот кофициент е 12.

Златан Ибрахимовиќ не се најде помеѓу финалистите.

Добитникот на Златната топка ќе биде прогласен на 13 јануари.