Таг: ковид-19

Навивачи на Аталанта бесплатно работат во изградба на нова болница

Во претходните десетина дена мајстори, ѕидари, монтери, заварувачи, водоинсталатери, електричари и други, меѓу кои имало и голем број навивачи на Аталанта, бесплатно работеле за да се крене нова мобилна болница во Бергамо.

Трамп прогнозира до 240.000 жртви од коронавирус во САД

И претходно кога даваше прогнози, американскиот претседател зборуваше за 100.000 жртви како оптимистички исход, и дека ако им успее таму да го запрат вирусот дека ќе треба да си честитаат. Вчера за прв пат спомна дека по ново се пресметале дека вирусот може да однесе 240.000 животи.

Коронавирусот веќе има убиено повеќе Американци отколку нападите од 11-ти септември

Едно од прашањата што произлегува од оваа споредба е: ако САД по нападите почнаа глобална војна против тероризмот, дали досегашниот биланс на жртви е доволен за САД да започне глобална војна за заштита на човековото здравје?

Треба да почнеме да фрламе пари од хеликоптер

Процените се дека САД кварталов ќе го завршат со намалување на БДП-то за 24%, и невработеност од 41%, што е 4 пати повеќе отколку во време на Големата рецесија. Како што докторите гинат да ги спасат пациентите, така овие задолжени за пари се решаваат на досега незамисливи мерки, само епидемијата да не заврши со комплетен крах на економијата.

До тука сме стигнати затоа што никој не слуша доктори, ниту народот, ниту власта

Женевјев е медицинско лице од северо-источна Франција, Де Севр, и нема еден убав збор ниту за народот како се однесува сред пандемија, ниту за власта, објаснувајќи дека има многу повеќе заразени отколку што се кажува, и порачувајќи им на сите: „Французите не се ништо повеќе бесмртни од Италијанците.“

Совети за седење по дома од италијанско семејство

- Што е нешто ново што научивте за вашето семејство дур сте дома?
- Па вие немате видено син ми колку многу јаде.

Може ли Европската Унија да остане обединета по коронавирусот?

Во моментов во ЕУ не е можна ниту слобода на движење на луѓе, ниту слобода на движење на производи, а и двете се едни од главните столбови на кои се базира Унијата. Паралелно со ваквата идеолошка трагедија на Унијата, во Шпанија и Италија се одвива и човечка трагедија за која Унијата допрва ќе треба да одговара.

Италија со 400 милиони евра ќе се обиде да спречи масовни социјални немири

По неколку месеци карантин и комплетна изолација на земјата и сите можни индустрии во неа, народот почна да снемува пари за подмирување на најосновните потреби. Како што снема пари, така се случија серија грабежи на супермаркети, па сега италијанската полиција е распоредена пред нив.

Дали е вентилатор или респиратор, карантин или изолација?

Да почнеме од најосновното: вирусот се вика САРС-КоВ-2, и тој ја предизвикува болеста ковид-19, а е дел од семејството коронавируси (или уште попрецизно бетакоронавируси).

Шпанската полиција и пожарникари со аплаузи и сирени ги храбрат докторите од локалните болници

Според последните бројки (30.03) Шпанија има 80.110 заразени и 6.803 починати од ковид-19.

Швалерки и останати француски недоумици во време на карантин

„Може ли маж ми да се гледа со швалерката?“ е едно од прашањата околу коронавирусот што деновиве е поставено на телефонскиот број на француската полиција.

Како Индија планира да држи дома 1,3 милијарди луѓе

Во подвиг кој никогаш претходно не е ни помислен, а не па направен, Индија планира една петина од населението на планетава цели 21 ден да го држи дома во изолација.

Кога 2200 милијарди долари не се доволни

Американскиот Сенат го изгласа финансискиот пакет за спас на економијата на земјата кој изнесува некаде околу 10% од вкупниот БДП на САД. И покрај баснословната сума очекувањата се дека ќе треба уште.

„Ова стварно боли“, исповед на пациент со ковид-19

Енди Хардвик има 51 година, вообичаено е здрав и во добра кондиција, и во нормални времиња оди на вежбање околу 3 пати неделно. Хардвик повремено страда и од астма. Видеото го прави по инсистирање на неговите роднини и пријатели, за да го пренесе своето искуство на другите.

Корона, не корона, Италијанец оди на кафе, и тоа е

Дури и сред апокалиптични моменти за земјата, стари Италијанци не се откажуваат од навиката да шмркнат еспресо на шанк, па ти колку сакаш расправај им се да не мрдаат од дома.

Лицата на докторите од корона фронтот

Додека времето почна да се пресметува од една до друга прес-конференција, лесно се заборава дека на терен докторите и медицинските лица уште малку ќе прават еден месец (барем кај нас) како непрестајно, со хокеарски измени, даваат сè од себе за бројките што се соопштуваат на прес-конференции да бидат што е можно помали и помалку трагични. Сето тоа се одвива во 8, 10, 12, 24 и којзнае колку часовни смени, во кои секој од нив мора да носи најмалку маска на лице како заштита.

Кан ги отвори вратите... за бездомници

Палатата на фестивалите во Кан, без блицеви и без црвен тепих, ги пречека бездомниците од Кан кои немаат каде да се сместат во време на општа изолација во земјата.

Зошто луѓе панично купуваат тоалет хартија

Не е логично тоалет хартија да е една од критичните работи што мора да се поседува сред пандемија на заболување на дишните патишта. Ама паника не прашува што е логично, што не.

Шпанската армија откри лешеви во старечки домови во Мадрид

Припадници на армијата задолжени за помош во дезинфицирање на пензионерските домови низ земјата на неколку локации во Мадрид најдоа напуштени стари пациенти, а во одредени случаи и мртви лица.

Како австриски скијачки центар ја рашири епидемијата низ Европа

Стотици пациенти со коронавирус од сите страни на Европа се верува дека болеста ја фатиле додека биле на скијање во австриски Ишгл (Тирол), а добар дел се поврзуваат и со еден популарен бар во градот.