Деновиве најнапнато е на Сицилија каде живее значителен дел од најсиромашното насление во земјата. На островот веќе има повеќе случаи во кои луѓе со полни кеси / кошнички, со трчање бегаат од супермаркети без да платат, или како им вршат притисок на помали маркети бесплатно да им дадат производи.
Компанија за испорака на брза храна, објави дека прекинува со испорака во одредени делови од Палермо откако еден од нејзините возачи бил ограбен викендов.
Ла Стампа наведува дека над 300.000 жители на Сицилија до сега работеле „на црно“ и откако нивните места се затворени тие немаат никаков приход.
4,3 милијарди евра ќе им бидат ставени на италијанските градоначалници за потребите на градовите, а дополнителни 400 милиони евра ќе бидат поделени како бонови за храна меѓу населението.
На почетокот од март италијанската влада одобри пакет од 25 милијарди евра за заштита на економијата. Комплетното затворање на земјата трае веќе трета недела и беше планирано да заврши на 3-ти април, но најверојатно ќе биде продолжено.