„Кинезите кренаа болница за помалку од 10 дена и светот се воодушеви. Но уште не слушнале за Бергамаските. Стигна апел дека биле потребни 12 работници. Се пријавија 250. Ѕидари, дрводелци, гипсери, хидраулици, електричари, мајстори со гас, сите во прва линија за изградба на болницата“:
Болницата ќе има 14 соби со 142 кевети од кои 72 прилагодени за интензивна нега. Најголем проблем сега е персонал кој би работел во болницата.
Главниот доктор во одделот за реанимација во најпогодената болница во Бергамо, клиниката Папа Џовани, доктор Оливиеро Валоти вели дека ќе им требаат 130 медицински сестри за да ги спремаат креветите, а досега имаат 25 сестри од Русија и 25 лекари а потребни се 50. Локалните власти бараат нови сестри и лекари иако е тешко да се најдат во Ломбардија, па ќе пробаат од странство.
„Ќе почнеме да примаме пациенти со намален капацитет од следната недела и после ќе ја зголемуваме спремноста на креветите како ќе доаѓа персоналот. Правиме формација која ќе ги знае протоколите на болницата. Русите кои дојдоа се многу спремни, но треба да се навикнат на нашите системи, поради разликите во јазик и култура и организација. Никој од нив не зборува друг јазик освен руски и кинески, па така цело време ги придружува преведувач“.
Еден од волонтерите кои помага на својата шапка имал и значка со македонско знаме: