Таг: книга

Како да си го средиш шифоњерот (и животот)

Има луѓе (како мене) кои пред да почнат да работат нешто сериозно мора да си ја средат масата, шифоњерот или да си го наместат креветот, како вовед во средувањето на мислите. Но „раскревањето" - организацијата на предметите низ дома - изгледа е толку сериозна работа што заслужува совети од вистински мајстор, преточени во книга-бестселер.

Ручек со Моне, вечера со Полок

На денот на нашиот традиционален настан, петтиот Фестивал на јадење книги, ви претставуваме две нови изданија, кои се однесуваат на готвачките вештини на двајца големи уметници.

Книга-бомба за Хилари

Додека ние сетилно сме ориентирани кон слушање „бомби“, Американците деновиве ќе имаат потешка задача - да прочитаат книга, ако сакаат да ги дознаат наводните валкани зделки со кои се занимавала кандидатката за претседател на демократите. Не знаеме дали таа содржи транскрипти од монтирани и креирани телефонски разговори, ама па затоа има километарски наслов.

За цитирање на Гебелс треба да се плати

Наследниците на Јозеф Гебелс го тужат издавачот Рендом Хаус заради употреба не негови записи во нова биографија посветена на овој озлогласен министер за пропаганда на Хитлер. Став на издавачот: не плаќаме авторски права на злосторници.

Далај Лама и Дезмонд Туту ќе пишуваат заедничка книга

Тибетански будист и некогашен англикански бискуп, обајцата борци за човекови права и добитници на Нобеловата награда за мир, ќе се обидат да дадат одговор на тоа како (и каде) се наоѓа среќата.

Психологијата зад моментот на „аха!“

Тоа е оној момент кога нешто ќе ви „светне“, а кој велат дека е резултат на инстинкт, интуиција, на повеќегодишно искуство, или едноставно на среќа. Ефектот на „еурека“ е дел од легендите за големите научни откритија, но и од секојдневната работа во повеќе професии, каде помага за решавање на големи проблеми, па и за спасување животи.

„Флеш фикшн", или колку кратка може да биде кратката проза?

Како треба да изгледа прозата во свет во кој се форсира брзина, и во кој нема концентрација за читање на што и да е подолго од неколку реченици? Дури и „кратка" веќе е предолга одредница за ваквиот вид приказна.

Книга напишана на хартиени авионски ќеси

Ги знаете оние ќеси, што стојат во мрежичката на авионското седиште пред вас, и кон кои посегнувате кога не-дај-боже ќе ви се слоши? Епа врз такви Кејв ги запишувал своите впечатоци од последната турнеја низ Америка, за сега да ги вкоричи во тврда корица и да ги наплаќа по 1,100 долари. Што би се рекло, „еве, не знам“...

Нов мемоар на Ким Гордон од „Соник Јут“

Речиси 30 години бендот Соник Јут беше познат по еден од најславните инди рок парови - Трстон Мур на гитара и Ким Гордон на бас. Во 2011 тие се разведоа, и тој се распадна. Во новиот мемоар, „Девојка во бенд", Гордон ги раскажува најдобрите, и најлошите моменти од ова патување.

Кратка историја на скубењето

Нова книга под наслов „Искубано: историјата на отстранување влакна" од Ребека Херциг испитува еден необичен феномен - и покрај тоа што повеќето од цицачите на планетата поседуваат обилно крзно, само човекот минува низ триста маки за да го отстрани. Зошто?

Kaко е пронајдено продолжението на „Да се убие подбивната птица"?

Вест на тукушто започнатата година во книжевните кругови е дека е пронајден необјавен ракопис на Харпер Ли, продолжение на нејзината славна книга од 1960, за којашто таа ја доби Пулицеровата награда.

Книга за деца на тапанарот на Стоунси

Чарли Вотс своевремено напишал и дизајнирал сликовница посветена на едно пиле. Зад неа всушност се крие љубовта на човекот кој цел живот го мина во рокенролот кон друг жанр музика.

Најстарата тапанарка на светот

Ракувала со палки подобро од кој и да е маж, а нејзината вештина и денес може да засени голем број модерни тапанари. Смит е само една од голем број легендарни музичарки, кои го отвориле патот за некогаш дискриминираните перкусионистки. Денес има 102 години и сè уште не се откажува.

Сексуалниот девијант во сите нас

Луѓе чиј фетиш е знаме, или такви кои сакаат да си се пипкаат во магла дур некој им д’тка - за некого само откачени, за други болни и опасни типови. Една книга се обидува да дефинира што е тоа „перверзно“ и врз што би требало да се базира нашиот морален став кон она што ни изгледа како такво. 

Како вашиот здив ве поврзува со вселената

Иако можеби звучи како њу ејџ мантра, ние реално го дишеме истиот воздух како и остатокот од планетата. И не само тоа, туку вдишуваме и атоми на Шекспир или на Да Винчи, како и парчиња од нашиот сопствен здив, оној првиот којшто сме го испуштиле кога сме се родиле. 

Извештајот за техниките на измачување на ЦИА во форма на книга

Жешка тема деновиве беше извештајот на Комитетот за разузнавање при Сенатот на САД во врска со контроверзната програма на ЦИА за притвор и испрашување на затвореници. Истрагата траела 5 години, а документот содржи над 500 страници. Сега тој ќе биде објавен и во форма на книга.

Награда „Лош секс во белетристика“ 2014

Има луѓе кои мислат дека и лош секс е добар, сè додека го има. Но жирито за наградата која се доделува од 1993 за најлош опис на сексуален чин во проза напишана на англиски не мисли така. Оваа година со неа се закити поранешен добитник на Букер. 

Дебитантска книга на Пи Џеј Харви

Поезија илустрирана со фотографии - тоа е содржината на книгата која се планира да излезе во октомври 2015. Додека ја пишувала Харви ни била блиску, во соседно Косово. 

Што е тоа „трол"?

Нова книга на авторитет од областа на скандинавската митологија ја трасира историјата на троловите од нивните најрани појави во нордиската книжевност, до современите манифестации на злобните „Други", оние од интернет.

Филозофијата на вербата во Дедо Мраз

Eрик Каплан, еден од луѓето кои стојат зад Футурама, Симпсонови и Big Bang Theory, има диплома по филозофија од Универзитетот Беркли. Неговата нова книга се вика „Дали постои Дедо Мраз?: филозофско истражување". Во неа низ хумор, но и интелектуално издржано, тој се обидува да ги објасни верувањата во врска со стариот бел дедо, кого наскоро ќе го очекуваме и во нашите домови.

Зборови за кои не знаевте дека ги измислиле писатели

Ако ви недостасува некој збор - измислете го. Од оваа максима се раководеле бројни писатели во историјата, и иако најчесто во овој контекст е спомнуван Шекспир, има и помалку славни автори кои нè задолжиле со термини кои ги употребуваме и во македонскиот.

Биографски речник на пропаднати писатели

„Кои се побогу овие луѓе?“ - си велите додека ги читате биографиите на оние кои останале запамтени по тоа што никој не ги знае. Ни криви, ни должни, тие го претставуваат неславниот список на неуспешните во писателскиот еснаф. А малку требало наместо Франц, славен да стане неговиот прв комшија, Ханс Кафка. 

Што е тоа „сонично брендирање“?

„Соничен бум: како звукот го менува начинот на кој мислиме, чувствуваме и купуваме" е нова книга на автор кој смета дека живееме во златното доба на звукот, и дека на композиторите им стојат на располагање неверојатни можности да го одредат тонот на човечките искуства.

„Вистинскиот Френк Запа" од Френк Запа

Да речеме дека сте пораснале со неговата музика и го сметате за музички гениј - тогаш оваа книга е за вас. Да речеме дека никогаш не сте чуле за човекот, а вака по фаца ви изгледа како некој кого и никогаш не би сакале да го запознате - тогаш оваа книга е за вас.