Пoли Џин Харви, како што гласи нејзиното цело име и презиме, работи на нејзината дебитантска книга за издавачката куќа Блумсбери. Под наслов „Празнината на раката" ("The Hollow of the Hand"), таа ќе содржи поезија на Харви и фотографии на Шејмас Марфи. Со него таа соработуваше на 12-те кратки филмови за секоја од песните на нејзиниот албум Let England Shake од 2011.
За овој проект познатата пејачка и нејзиниот соработник пропатувале низ Авганистан, САД и Косово.
„Собирањето информации од секундарни извори изгледаше многу далеку од она за што сакав да пишувам", вели Харви. „Сакав да го помирисам воздухот, да ја почувствувам почвата и да ги сретнам луѓето во земјите со кои сум фасцинирана. Со мојот пријател Шејмас се договоривме дека јас ќе ги собирам зборовите, тој фотографиите, и дека ќе ги следиме нашите инстинкти каде и да одиме".
Издавањето на книгата се планира за октомври 2015 (на Амазон уште нема ни корица). Еве една од песните во неа, а со гласот на самата Харви можете да ја слушнете тука:
ГОСТИНСКА СОБА
Еден сив гулаб кружи над урнатините.
Авион се упатува кон базата.
Едно дете ѝ пее на птицата.
Тоа носи син канистер за бензин.
Каде да одам?
Немам дом.
Имав куќа,
но гостите дојдоа
и останаа.
Каде да одам?
Нè води низ селото.
Еден петел. Еден куп чевли
пред врата направена од завеса.
Седиме на портокалови перничиња.
Дета ни носат чај и леб.
Требаше да понесеме подароци.
Се надевам ќе знаеме кога да заминеме.
Бонус: настапот во живо на Харви и Трики кај Летерман