Гордон се преселила во Њујорк од Калифорнија во 1980 и почнала да се дружи со уметници кои правеле дисонантна, неконвенционална музика. Тука го запознала Мур, со кого го објавиле првиот албум како Соник Јут во 1982. Две години подоцна се зеле. 27 години подоцна се развеле, заради друга жена.
Во книгата има доволно материјал за таа да биде опишана како „некролог" за нивниот брак. Но поинтересните места се однесуваат на осумдесетите и деведесетите во Њујорк, подемот на MTV и раѓањето на „гранџот" - атмосфера во која бендови како Соник Јут можеле да успеат, за разлика од денешната ера на (според Гордон) „санитаризиран поп".
Книгата почнува со опис на последниот концерт на бендот во Бразил во 2011. Тука осврт кон книгата на подкастот на „Билборд", во кој во четвртата минута почнува извадок (со гласот на Гордон), а во 18:29 нејзина нова песна, „Затвори ги очите". Таа до 7март ќе биде на турнеја за промоција на книгата низ САД.