Таг: книга

Музата на Пикасо ги налути феминистките

За Франсоза Жило се раскажува дека била толку убава, што кога Пикасо прв пат ја видел во ресторан станал и со чинија полна цреши отишол на нејзината маса. Иако била 40 години помлада од него (кога се запознале таа имала 21, тој 62), таа цела деценија била негова љубовница, муза и мајка на две нивни деца. Сега, на 93 години, има нова книга, која ги налути жените.

„Хитлер по дома“ - врската помеѓу ентериерот и моќта

Деспина Стратигакос е историчарка која ja интересира врската помеѓу архитектурата и моќта. Нејзината нова книга се вика „Хитлер по дома" и ја истражува архитектонската и идеолошката конструкција на „домашарската" слика за фирерот.

Најпознатата книга на добитникот на Нобел за економија

Ангус Дитон, кому вчера (вторник) му беше доделена Нобеловата за неговите долгогодишни истражувања на потеклото на нееднаквоста, има две хобија: опера и риболов. 

Автомитологијата на Џон Ленон

Во културолошка смисла Ленон е фигура со колосално симболично значење - никој подобро не ја отсликува нарцисоидноста на модерна Британија. Оттаму, иронично е што токму овој човек ја има напишано „Замисли", песна со наводно визионерски идеи за подобар свет, вели нова книга на еден британски историчар.

Бомбастичен мемоар во врска со Нобеловата за мир

Овој петок ќе биде објавен годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир. Меѓу другите имиња се споменуваат оние на Ангела Меркел, папата Франциско и рускиот весник Новаја Газета. Но неодамна излезе книга која фрла сенка врз релевантноста на наградата, којa додуша и до сега на повеќе пати беше доведувана во прашање. Валкани детали за неа открива поранешниот секретар на Нобеловиот комитет.

Им верувате ли на освртите на задните корици на книгите?

Го знаете она „не ја цени книгата по корицата". Ама оние неколку реченици отпечатени на книгите, кои се обично полни со фалби, особено ако се потпишани од славни автори, играат токму на таа карта.

Автобиографија на Грејс Џоунс во која ги исмева денешните ѕвезди

Иронично насловена како „Никогаш нема да ги напишам моите мемоари", новата книга на диско дивата не само што открива многу за нејзиниот живот, туку ги прави парам-парче оние кои се обидуваат да ја имитираат, а не биле ни родени кога таа го пробивала патот на јаките жени во музиката.

Фото-елегија за земја која ја нема

Книгата „Ју: загубената земја" на Драгана Јурисиќ е фото-хроника на нејзиниот некогашен дом и оживување на искуствата поврзани со него. Била и во Македонија.

„Светот надвор од твојата глава: како да станеш индивидуа во доба на одземено внимание" од Метју Б. Крафорд

Колкав притисок ќе ви врши околината денес, за да ѝ го доделите она што ви е вам најскапоцено - вашето внимание? И колку притоа можете да ѝ се спротивставите? Оваа книга дијагностицира проблем, но истовремено нуди и можни решенија.

Елон Маск - биографијата на еден нарцисоиден визионер

Eдна од биографиите-бестселери по која ќе остане запаметена 2015 е „Елон Маск: Тесла, СпејсИкс и потрагата по фантастична иднина", посветена на најуспешниот и најзначаен бизнисмен во светот во моментов.

Гркот кој зборува 32 јазици

Во ерата на Гугл транслејт човечките полиглоти не престануваат да го привлекуваат вниманието и да предизвикуваат восхит. Еден од нив е Грк кој работи како преведувач во Европската комисија во Брисел. Не знаеме дали зборува македонски, но веруваме дека многу бргу би го научил. 

Болката и досадата се корисни

Андреас Елпидору е професор по филозофија на Универзитетот Лусвил во Кентаки. Неговата книга која ќе излезе во 2016 се вика „Физикализмот и магијата на свеста", а во неа, меѓу другото, тој се занимава со споредбата на здодевноста и болката. Обете, вели тој, еволутивно ни овозможуваат не само да опстанеме, туку и подобро да живееме.

Историја на грижата

Грижењето, или по нашки секирањето, е необична активност за „жанровско" одредување. За оние кои често го прават тоа, работата е сериозна. Но ниту еден психијатар нема да ви каже дека сте патолошки случај само затоа што се грижите, освен ако тоа не преминува во параноја.

Усни на усни: антропологија на бакнежот

Teкстов повеќе звучи како нешто што би било соодветно да се објави на „денот на заљубените". Ама за бакнување не ви треба посебен повод, само субјект со кого би си ги допирале усните или триеле носевите, што можеби не е баш бакнеж, но според антрополозите е подеднакво важно „бакнувачко однесување".

Еуклид Цакалотос - грчко-британски марксист и лев аристократ

Признаваме дека кожните јакни и мускулестото торзо на Варуфакис веќе ни недостасува (*ова го пишува женскиот дел од офф.нет). Ама и биографијата на новиот грчки Министер за финансии не е за потценување. Меѓу другото има напишано и шест книги. Каде ги вадат бе вакви интересни?

Комплетната катастрофа на Грција

Kнига на дописник на Wall Street Journal, по потекло Грк, во која низ мешавина на гадење и енергичност се обидува да покаже кога и како работите во оваа земја тргнале на лошо. Главни виновници според него се самите Грци и нивните мали и големи далавери.

Вечната мистерија на бракот

„Книга за бракот: векови совети, инспирација и поучни приказни од Адам и Ева до антидепресиви" е опишана како антологија на мудрости за институцијата, која од времето на нејзиното формирање ги тера оние кои влегле во неа по некое време да се прашаат - што ми требаше?

Енциклопедија на стравот

Обемно и богато дело неодамна објавено во Србија, кое во форма на речник на скоро шестотини страници обработува цел низ поими и имиња кои се на различни начини поврзани со стравот. А со него може да биде поврзано сè, затоа што најголемиот страв е всушност оној од - стравот.

Нова книга од една од најдобрите живи рок-критичарки

Своевидна антологија текстови пишувани последниве 20 години, оваа книга со претенциозен наслов е всушност поттик за сите жени кои би сакале да се занимаваат со музичка критика - да го пронајдат сопствениот бескомпромисен тон, но и да го вклучат моралниот филтер кога оценуваат нечија музика. 

Сè ти е тоа во главата: вистински приказни за замислени болести

Сигурно ви се случило да појдете на доктор заради симптоми кои варираат од обично чешање до јаки вртоглавици, а од таму луѓето во бело да ве испратат не со рецепт за конкретен лек, туку со баналното „опуштете се".

Разговори со ќерка ми за економија

Mинатото лето актуелниот министер за финансии на Грција минал десет дена пишувајќи книга за економија на грчки. Идејата била таа да се напише како да ѝ се обраќа на неговата ќерка-тинејџерка, односно идеите во неа да бидат изложени едноставно, и на начин кој би ги инспирирал младите да покажат интерес за економските процеси. Судејќи според овој извадок, Варуфакис успева во тоа.

За водата, сапунот и вистината

Има луѓе во овој напорен и сè помалку хуман град, кои се обидуваат барем од своето „внатре" да направат естетски автономна територија. Лежерен, дискретен и посветен на своите љубови, Влатко е еден од нив. Денес промовира и книга, чиј жанр е веројатно најдобро опишан со насловот.

Кога Штулиќ кршеше гитара на сцена

Извадок од новата книга на некогашниот басист на Азра, напишана во стихови и без интерпункција. За разлика од Џони, кој во своите преводи внимава на секоја запирка, Хрњак е лефтерен, но живописен. Во овој дел за инцидент во Словенија, каде Штулиќ кршел опрема на сцена, како да има вишок гитари.

Инсајдерска приказна за нашите црева

Нова книга на еден микробиолог се занимава со вечната, но табуизирана тема: вистината за големата нужда. Нејзиниот совет - не чувајте книги во ВЦ.