Таг: карлос тевез

Трета среќа за Карлито

Откако му направија спектакуларен пречек дома, на Тевез му требаа три меча за да ја начне мрежата. Првиот гол за Бока Јуниорс го постигна мајсторски од слободен удар, ретко изведуван на ваков начин.

Головите на Тевез и сиромашните квартови во Буенос Аирес

Аргентинскиот напаѓач си замина од Бока Јуниорс на 20 години и изјави дека е среќен што се враќа дома. Пречекот од 50.000 навивачи меѓу кои беше и Марадона не е случаен. Тој е нивниот миленик, кој не ги заборави и кој за речиси секој гол имаше подготвено различна маица со натпис за неговиот роден град.

Јуве се збогува со архитектите на успехот

По пет титули по ред во Италија, 36-годишниот маестро Андреа Пирло одлучи да ја заврши кариерата во Америка и да ужива во платата од осум милиони долари годишно. Заминува и Карлитос кој се враќа на Бомбонера.

Самба, танго, страст и фудбал - Копа Америка

Со натпреварот Чиле - Еквадор во петок во 01 часот после полноќ по средноевропско време, започнува 44. издание на најстариот турнир за репрезентации на светот кој ќе заврши на 4. јули со финалето во Сантијаго.

Најпознатите слободни фудбалери летово

Ова лето ќе биде лето на слободни играчи, затоа што на многу фудбалери им истекува договорот и од 1-ви јули 2015-та ќе можат без проблем да си бираат нов клуб.

Од Мертенс до Меси, моментот на ниските играчи

Со вчерашните два погодоци и една асистенција, Белгиецот Дрис Мертенс му донесе важна победа на Наполи и уште еднаш докажа дека висината во фудбалот не игра никаква улога.

Јувентус го матираше кралот

Со головите на Алваро Мората и Карлос Тевез, Јувентус вечерва го победи Реал Мадрид 2-1 во првиот натпревар од полуфиналето на ЛШ. Кристијано Роналдо ја затресе мрежата на Буфон за надеж на Мадриѓаните пред реваншот.

Коктел од евроголови во Серија А

Филип Мексес, Марко Пароло и Лукас Подолски од дистанца, Тевез и Флоренци од парабола и Пиниља со ножички ги постигнаа најубавите голови во 33. коло во Италија.

Детето израсна, Алегри е горд на него

22-годишниот Шпанец ја почна 2015. година како главен во напаѓачката хиерархија на Јувентус. Одличната партија против Милан го препорачува за стартер и во Лигата на шампионите.

Манчестер Сити потроши 300 милиони фунти за напаѓачи

Граѓаните почнаа со Робињо за кого платија 32,5 милиони фунти и после него купија уште десет други играчи за нападот. Најскапо го платија Карлос Тевез, 47 милиони фунти.

Тактичарот Галијани и заложникот Макси Лопез

Искусниот ќелавко кој е махер за тоа како треба да се игра умно за време на трансфер периодите, во овој јануарски преоден рок веќе направи зделка по своја мерка. За време на пазарењето понекогаш чува и резервни играчи кои го чекаат “затворени“ во хотел, но не му секогаш исплатливи.

Сите бомбардери во 2014-та

Тото Ди Натале е лидер во Серија А со 21 гол годинава, Мејер во Бундеслигата, а Кристијано Роналдо во Примера. Ибракадабра е само трет стрелец во Франција, додека изненадувачки лидер има во Премиер лигата. Головите се изброени од целата 2014 година, севкупно со крајот на минатата сезона и почетокот на актуелната.

Јувентус никако да го најде правиот напад

Во досегашниот тек од сезоната, Алегри проба 5 напаѓачи и 7 различни тандеми. Тевез и Љоренте дале најмногу гола, но играле повеќе од Мората, Коман и Џовинко заедно.

Банди киднапери ловат семејства на фудбалери

Грабнувањето на родителите и блиските роднини на познатите фудбалери најчесто се случува во опасните аргентински и бразилски квартови, каде целта на киднаперите е да чепнат во нивните милионски сметки преку уцени за нивно ослободување.

Тевез во шок, го киднапираа татко му

Според првичните шпекулации на аргентинските медиуми тој е ослободен откако им ги исплатил парите што му ги побарале.

Кој ќе фали на Светското првенство

Селекторските одлуки секогаш се повод за дебати, посебно ако се работи за списоците на фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство. Ова се неколкуте фудбалери за кои селекторите одлучија дека ќе го гледаат првенството на ТВ.

Тевез е гаранција за титула

Ја откривме формулата за освојување на титула. Во тимот мора да има Шпанец и да игра Карлос Тевез. Аргентинецот освојува титула каде и да оди, но заостанува зад Матеја Кежман на листата на фудбалери со освоени титули во различни држави.

Сите на светско, Тевез во Дизниленд

За еден од најдобрите аргентински напаѓачи нема место летово во репрезентацијата, но затоа тој не планира да го гледа Мундијалот ниту на тв.

Тевез: Во мое маало беше опасно, ми ги убиваа другарите

Напаѓачот на Јувентус во интервју за Газета дело Спорт зборува за неговите фудбалски соништа, но се сеќава и на најлошите, оние кои му оставиле црна дамка во неговиот живот кога го загубил својот најдобар другар.

Кој ќе дува свеќи на денешен ден

Доколку денеска се соберат сите славни имиња од светот на фудбалот и заедно го прослават денот на раѓање, тоа сигурно ќе биде најелитниот роденден преполн со славни фудбалски имиња. Најмлад од нив е Нејмар (21), а највозрасен Чезаре Малдини (81).

Тевез повторно стрела за Сити

Карлос Тевез го прекрши своето ветување дека никогаш повеќе нема да се врати во Манчестер Сити и постигна гол за резервите.