До 2 август за кога е закажано последното коло во италијанската лига има уште 9 кола во кои ќе се решат многу прашања. Најглавното е кој ќе го освои скудетото.
Интересно, во вечерта кога Барселона објави на Твитер дека Меси го постигнал 700-от гол во кариерата, и Португалецот го постигна својот 728-ми и тоа прекрасен гол против Џенова (1-3) на гости.
Во понеделникот шпанскиот и италијанскиот шампион официјално договорија обратни трансфери па така Артур оди во Торино за 80 милиони евра, Пјаниќ во Каталонија за 70 милиони евра и на крај и двата клуба ќе имаат ќар. Како?
Легендарниот Џенаро Иван Гатузо го освои првиот трофеј во тренерската кариера. Неговата страст од играчките денови кога гризеше како куче на терен ја префрла и денес на играчите па Де Лаурентис сака да освојат ЛШ.
Фудбалерите на Наполи го освоија Купот на Италија откако по резултат 0:0 во регуларниот дел, го добија Јувентус на пенали со 4:2. Елмас влезе во 87-ма минута, а во судиското продолжение можеше да стане херој.
Играчите може да протестираат кај судиите, ама од дистанца, бидејќи ако тоа го прават како до сега, апла ќе ја прекршат најважната мерка која е на прво место во цела планета.
Многу прочуени финалиња со врвни имиња, се играа во Лига на шампиони во 90-те, а до последниот меч стигаа клубови за кој ако кажеш дека едниот е фаворит, ќе го навредиш другиот. Ван Гал го потцени опасниот тим на Липи и се заеба.
Најдобриот италијански голман на сите времиња, Џанлуиџи Буфон во сезоната 2002/2003 бранеше абнормално. Немаше натпревар а да не направи спектакуларна парада или да го одбрани голот после еден-на-еден со противнички напаѓач. Најзаслужен беше што Јувентус стигна до финалето на Лигата на шампионите таа 2003-та.
Во 1994-та година Џани Ањели конечно излезе од стагнација (8 години беа без скудето) со еден потег: го назначи за директор Лучано Моџи. Во следните 12 години Јувентус освои 15 пехари.
По скоро два месеци пауза без тренинзи во клубот, Кристијано се врати од Португалија и веќе неколку дена тренира во базата на Јуве каде се спремаат за продолжување на Серија А.
Во својата штотуку излезена автобиографија, капитенот на Јувентус, големиот фајтер Џорџо Кјелини во едно поглавје раскажува за проблемите со алкохол на Чилеанецот.
Џорџо Кјелини е еден од главните јунаци на карантинот во Серија А. Капитенот на Јувентус меѓу првите се договори со сите соиграчи за тешкото прашање - да се откажат од плати за два месеци и да ги добијат парите кога фудбалот ќе се нормализира.
Секој носи некаков грев со себе, па така и неприкосновениот Џиџоне кој како млад имал неколку киксови како млад. Пробал да се вади но јавноста реагирала бурно и тоа му е единствена дамка во кариерата.
Многу, многу легендарно последно коло во Серија А, ден кој тифозите на Интер сакаат да го избришат од сеќавање, а навивачите на Јувентус го одбележуваат како ден на победата.
Во услови кога нема фудбал, доста добро работи креативноста кај навивачите. Интеристите имаат свое пиво, а Јувентините пица. Тие две работи одат заедно, така што спојте се. Добро де, барем еднаш на пица и пиво.
Во ситуација кога нема фудбал скоро никаде во светот, луѓето се принудени да бараат алтернативни решенија. Како на пример Италијанциве кои решија да го одиграат дербито Јуве - Милан.
Дуелот во Интерконтиненталниот Куп (денес ФИФА Светско клупско првенство) меѓу Јувентус и Аргентинос Хуниорс во 1985-та е прогласен за најдобар натпревар во историјата на овој турнир. На Платини му поништија еврогол.
Во 1991 година Роби Баџо се враќа во градот на Медичи откако со голем успех го носеше дресот на Фиорентина. Доаѓа со неговиот нов клуб Јувентус и во еден момент од мечот одбива да го изведе пеналот за Јуве. Му го дава на Де Агостини кој промашува и Фиорентина на крајот слави 1:0 со гол на Диего Фузер.
Мерак број 1 е што си жонглираше. Мерак број 2 е што мрдна еден со жонглирање. Мерак број 3 е што потоа си ја намести сам на волеј и мерак број 4 е што ова му успеа на дерби.