Фантастичен гол на Несторовски против Јувентус

Матијас де Лихт го доведе Јувентус во водство во 42' минута, а Илија Несторовски само 10 минути подоцна, во вториот дел маестрално го израмни резултатот на мечот Удинезе - Јувентус на кој „Старата дама“ играше за скудето. Во 90+2' минута од судиското продолжение, Фофана со супер продор си поигра со одбраната на гостите и го урна шампионот - 2:1.

Ова е трет гол сезонава на македонскиот репрезентативец. Претходно стрелаше против Рома и Сампдорија.

Фофана во судиско продолжение си поигра со пола одбрана на Јувентус и од Де Лихт направи аматерски стопер:

23 јули 2020 - 20:46