Војчех, кој последен се смее најслатко се смее

По 0-0 на полувреме, дербито Милан - Јуве донесе страшни втори 45 минути со дури 6 гола. Бјанконерите во краток временски период дадоа 2 за 0-2, ама Милан се врати и за 18 минути постигна 4 гола за конечни 4-2. При водство од два гола разлика, Полјакот Шчесни му вика на Ребиќ додека овој барал некоја судиска одлука: „Губиш 0-2, не се прави феномен“. Ребиќ последен се смееше зошто ги постави конечните 4-2 од пенал.

МИЛАН ГО ПОТОПИ ЈУВЕНТУС, АМА ГОЛОТ НА РАБИО БЕШЕ СПЕКТАКУЛАРЕН

 

10 јули 2020 - 08:37