Во автобиографијата насловена „Јас, Златан Ибрахимовиќ“, Ибра открива за бројните тепачки со колегите низ годините. Пишува за скршеното ребро во тепачката со Огучи Онјеву во Милан, за тоа како одел кај курвите во Малме да прави циркус со муштериите.
Вечерва во Нион се извлече ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите. Во групната фаза ќе гледаме неколку мега дерби средби како тоа меѓу Атлетико - Баерн и Реал - Дормтунд.
Некогашниот италијански репрезентативец кој им ги кинеше живците на навивачите на Јувентус и Парма, во моментов игра за тимот Форт Лодердејл Страјкерс во САД. На мечот против Отава Фјури постигна фантастичен погодок, чисто колку да слушнеме каде игра.
Општ заклучок на стручните коментатори на италијанскиот фудбал е дека Јувентус ќе биде прв, а другите да се наредат како им е волја. Но Старата Дама повеќе мисли на Европа и тоа би можело да ги чини дома како што им се случувало во минатото.
Најскапиот фудбалер во историјата на италијанската лига, Гонзало Игуаин ги демантираше сите кои го критикуваа дека се „направил свиња“ летово и со гол му донесе победа на Јувентус на отворањето на Серија А против Фиорентина 2:1.
Јувентус во последните две години потрошил вкупно 293,1 милиони евра на трансфери со што е најголем трошаџија во светот во претходните 24 месеци, пред Сити, Јунајтед, Атлетико и Ливерпул.
Гонзало Игуаин не е единствен играч на Наполи кој им го има скршено срцето на Наполитанците. Историјата памети и славни и не баш познати играчи кои направиле трансфер кај спортскиот непријател. Со таа разлика што Чиро Ферара прошталниот меч го направи на Сан Паоло.
Старата Дама денес и официјално го претставува најголемото засилување во последните неколку сезони. Аргентинецот Игуаин имал на маса понуди од Арсенал, ПСЖ и Кина, но решил да премине во омразениот клуб на Наполитанците. Зошто?
Растен на загрепскиот асфалт, уште во детството се одвојувал од другарите по талентот за фудбал. Неговите родители биле борачи и џудисти, но Пјаца под перницата сакал да спие со копачки, а не со кимоно. Во Торино сабајлево стигна како суперѕвезда.
Барселона, Реал Мадрид, Атлетико, Баерн, Борусија, ПСЖ, Јувентус, Јунајтед, Сити и Челси од отворањето на преодниот рок летово, досега потрошиле 245,95 милиони евра за фудбалери.
Наместо јахти на Ибица и Кипар за кои се одлучија многу играчи кои играа на Европското, голманот на Италија реши со партнерката Иларија Д’Амико да оди на летување во Марина ди Маса, во регионот Тоскана. Додека се враќал од плажа, Џиџи решил да влезе да поигра со децата на локалниот терен и ги израдувал.
Помина точно една деценија кога Јувентус за прв во својата историја се најде во втора лига, откако беше обвинета за местење натпревари во мега скандалот Калчополи. Им ги одземаа и двете титули од 2005-та и 2006-та без кои имаат 32. За навивачите важи бројката 34 и огромниот респект кон нивните легенди кои прифатија да играат во Серија Б.
Еден од подобрите леви бекови во европскиот фудбал во своето портфолио има пет загубени големи финалиња и едно победено, во Москва со Јунајтед против Челси. Изјави дека најтешко му паднало последното загубено, во неделата против Португалија во Париз.
400 постови дневно, од кои еден може да го здрма целиот фудбалски свет. Играчите го прашуваат каде ќе ја продолжат кариерата, раководните луѓе го викаат во канцеларија. Џанлука Ди Марцио - најголемиот инсајдер во фудбалот.
Ако Баерн Минхен е немилосрден во Германија, а Реал и Барса во Шпанија, тоа во Италија е Јувентус. Актуелниот италијански шампион кој 5 години не го дава тронот, со овој начин на работа ќе владее уште многу, особено кога на конкурентот за титулата им ги купува главните играчи.
Ливерпул и Јувентус во Франција на Европското ќе имаат по 12 фудбалери, а главниот град на Исланд е рекордер со 15 репрезентативци. Милан со никогаш помалку репрезентативци во последните 30 години.
Легендарниот десен бек на Јувентус, Алесандро Бириндели за Старата дама играше цели 11 години и на 196 меча постигна само два гола. Едниот од нив вреди за сите натпревари.
Зинедин Зидан со Реал Мадрид го крена трофејот во Лигата на шампионите како играч, како помошен тренер и како главен тренер. Тој е седми на листата великани кои му се радувале на трофејот и како играчи и како тренери.
Навивач на Јувентус чијшто идол е Џанлуиџи Буфон решил да го исцрта ликот на легендарниот голман. Тату мајсторот кој го црта дошол до неверојатна идеја за клиентот.
Аргентинскиот напаѓач беше најдобар играч на Јувентус сезонава и ги поведе Бјанконерите до петтата титула по ред и втора двојна круна последователно. Сезонава Дибала се изнадава голови и се испостави дека е права замена за Карлос Тевез.
Во потрага по младиот Марота, Џанлука ди Марцио открива тивко момче кое по своја волја станува кабинер во нисколигашот Варезе и напредува до претседател на овој клуб за чие испаѓање ќе плаче затворен во соблекувалната.
Синот на Муамар Ел Гадафи четири години беше член на италијански прволигашки екипи, два пати влезе како резерва а анегдотите поврзани со него сè уште се прераскажуваат на Апенинскиот Полуостров.