Аргентинскиот напаѓач беше најдобар играч на Јувентус сезонава и ги поведе Бјанконерите до петтата титула по ред и втора двојна круна последователно. Сезонава Дибала се изнадава голови и се испостави дека е права замена за Карлос Тевез.
Во потрага по младиот Марота, Џанлука ди Марцио открива тивко момче кое по своја волја станува кабинер во нисколигашот Варезе и напредува до претседател на овој клуб за чие испаѓање ќе плаче затворен во соблекувалната.
Синот на Муамар Ел Гадафи четири години беше член на италијански прволигашки екипи, два пати влезе како резерва а анегдотите поврзани со него сè уште се прераскажуваат на Апенинскиот Полуостров.
Во 2006. година стана светски првак со Италија и првиот Италијанец кој ја освоил Златната копачка за најдобар стрелец во Европа, има две титули со Баерн Минхен и смени преку 12 клуба. Конечно стигна до финишот.
За притисокот врз судиите ги бие лош глас во Италија уште од времето на Ањели и Моџи, па еден огорчен навивач на Интер собирал спорни ситуации од целава сезона со кои нападна навивачка на Јуве која ја слави петтата титула по ред и која се реши за кус одговор. Вака оди тоа по блоговите.
Работите тргнаа разочарувачки за екипа која ја брани титулата. Буфон почна изјави дека можеме и треба да направиме повеќе. До 28 октомври само 12 освоени бодови од можни 30, а потоа 73 од вкупно 75. Искачувањето на табелата одеше вака.
Со ваков наслов денеска излезе Кориере дело Спорт по голот на Наинголан во 89 минута со кој Рома го совлада Наполи и “го промовираше“ Јувентус во шампион на Италија. По пауза од 81 година, Старата дама врзува 5 Скудета по ред.
ТВ прилогот почнува врхунски добро и нетипично за еден новинарски извештај. Судијата се загрева како во школо на физичко и давај изјава по гаќи и рамбовка објаснувајќи дека и тој треба да биде тип топ физички спремен за 90 минути трчање.
6 декември 2004-та. Лацио му гостува на силниот Јувентус со слаби шанси за бодови, што така и ќе излезе на крај. Но стартот на мечот целосно изненади бидејќи во шеснаесетникот на Буфон царуваше со слалом 21 годишниот македонски талент кој дојде од Анкона.
Годините поминуваат, играчи и управи се менуваат, но љубовта на Антонио Ди Натале кон Удинезе е незаменлива, па дури и кога му нудат многу повеќе пари да прејде во друг клуб.
Немаме инфо колку нашинци успеале да ја запознаат фудбалската величина која почина пред два дена, но знаеме дека Перула Костовски кој живееше во населба Козле му судеше во финалето на Лигата на шампиони. Фотографии од него ни даде Ивко Панговски.
Иако има 46 години, благодарение на пресадувањето на косата од пред некоја година, извесно новиот тренер на Челси изгледа многу помлад. Перфекционист е не само во струката, туку и во изгледот и бил горд на косата.
Со текот на времето, Французинот кој стана лидер на Јувентус го остава светот во исчекување на неколку нешта: нови голови, нови титули, мегатрансфер во Реал или Барселона и нова луда фризура. Ова последново најчесто се случува.
Има 19 години а веќе беше шампион на Франција, Италија и скоро ќе биде во Германија. Играч е на Јувентус, кој го позајми на 2 години во Баерн Минхен без притоа да се заштити со вообичаената клаузула да не може да игра против нив.
Во случај Бјанконерите да отидеа понатаму, италијанската Серија А ќе ѝ се приближеше на Премиер лигата во рангирањето на УЕФА и ќе можеше да смета на евентуално место плус во Лигата на шампионите.
Италијанците имаа водство од 0:2 по првите 45 минути на Алијанц арената и испуштија златна шанса да го елиминираат големиот Баерн во осминафиналето од ЛШ. Но медиумите на чизмата евидентираа и една голема утка на шведските судии кога досудија офсајд. Погодокот на Мората на 0:1 е регуларен бидејќи Шпанецот е 90 см зад играчот на Баерн.
По 120 исцрпувачки минути Баерн направи целосен пресврт за 4:2 против италијанскиот шампион за четвртфинале во ЛШ. Во регуларниот дел Левандовски во 73 минута и Милер во 91-ва ја спречија сензацијата на Јувентус кој за влакно не успеа да го урне Баерн откако по 28 минути игра имаше 0:2.
По видеото од првата епизода „Бањање по тренинг во Македонски Брод", ете ги и фудбалерите на Јуве и Наполи со иста будалаштина која мислевме дека само за балканците е интересна и возбудлива.
Во полуфиналето на Купот на Италија против Интер, Леонардо Бонучи се појави со капитенска лента на раката на која беше ликот на прерано починатиот фудбалер на Ливорно Пјермарио Морозини во чија чест е отворен и фонд за собирање средства за дефиблиратори.
„Слушав многу за тебе. Дека си бил фајтер како мене. Ако е така, заедно ќе им влеваме повеќе страв во коски на нашите противници. Добредојде во Јувентус", биле првите зборови со кои рекордерот по бројот на црвени картони го пречекал Давидс.
„Во Италија полиција нè чуваше во соблекувалните доцна во ноќта затоа што не беше безбедно да си одиме дома после натпреварите. Овде можам комотно да шетам без никој да ме препознае“, вели Професорот чијшто дрес е меѓу најпродаваните во САД.