Куп трофеи за Јуве, ПСЖ, Баерн и Манчестер Јунајтед

Фудбалерите на Јувентус, ПСЖ и Баерн Минхен ја освоија двојната круна во своите земји, а Луи Ван Гал заминува од Манчестер со пехар од ФА Купот.

Фудбалерите на Јувентус го победија Милан и во осмиот меѓусебен дуел, а Росонерите немаат триумф против Старата Дама повеќе од две години. На вечерашното финале на Купот играно на Олимпико во Рим, Бјанконерите славеа со гол на Алваро Мората во 110’ минута од продолженијата по центаршут на Квардадо. Во 90 минути немаше голови.

Јуве така стигна до 11. пехар во Купот, а втор пат по ред ја освојува двојната круна во Италија. Со победата на Јувентус, Сасуоло ќе игра во Лига Европа. Тимот кој само три сезони е во Серија А обезбеди пласман во ЛЕ преку домашното првенство. Милан втора година по ред остана без пласман во Европа за следната сезона.

Голот на Алваро Мората:

 

Три години откако Сер Алекс Фергусон ја напушти клупата, Манчестер Јунајтед стигна до првиот трофеј. Во финалето на ФА Купот, Црвените ѓаволи го победија Кристал Палас 2:1 после продолженијата. Кристал Палас поведе со 0:1 со голот на Панчеон во 78. минута. Израмни Хуан Мата само 175 секунди подоцна, а во продолженијата Џеси Лингард му го донесе ФА Купот на Манчестер Јунајтед после цели 12 години. Веднаш по завршувањето на мечот, БиБиСи ја потврди веста дека Жозе Мурињо е нов тренер на Манчестер Јунајтед. Холандскиот тренер Ван Гал стана првиот тренер во историјата кој го освоил Купот во 4 земји каде што бил тренер (Холандија, Шпанија, Германија, Англија).

Голови и хајлајтс од мечот:

Возбудлив фудбал се играше и пред 74.322 гледачи во Берлин, каде Баерн Минхен го освои германскиот Куп откако на пенали го совлада вечниот ривал Дортмунд. После 90 минути и после продолженијата беше 0:0, за да Баварците на пенали му донесат нов трофеј на Пеп Гвардиола кој летово ќе го преземе Манчестер Сити. Ова беше првпат после 17 години финалето на германскиот Куп да се решава на пенали.

Пеналите на Баерн Минхен - Борусија Дортмунд:

По решавачкиот пенал на Даглас Коста, Гвардиола се расплаче:

Голманот на Дортмунд, Бурки на сите пенали беше надвор од линијата.

Пари Сен Жермен стигна до нов триумф, откако со 4:2 го победи Марсеј во финалето на францускиот Куп.

Матуиди во 2. минута го отвори резултатот, израмни Тавин во 12-та минута, а Парижаните со три гола во вториот дел го решија победникот. Ибра даде два во 47-ма и 82-ра, а Кавани во 57-ма минута. Батшауи само го намали резултатот во 87-ма.