Таг: јапонија

Зошто Барса е повеќе од клуб?

На турнирот за играчи до 12 години во Јапонија (World Challenge Cup Tokyo), на кои настапија неколку светски екипи, во финалето се сретнаа Барселона и Омја Ардиџа. Децата на Барса победија, но на крај не славеа непприкладно туку покажаа што значи добро воспитување.

Прво исполнување на „ќе те убијам ако не учиш“

Јапонски татко со кујнски нож го убил својот 12-годишен син затоа што малиов не успеал да научи за приемниот испит на училиште.

Јапонија бара од граѓаните да донираат смартфони за да прави медали

Јапонскиот сајт Nikkei објави дека државата упатила апел до граѓаните, да ги донираат своите смартфони кои не ги користат, со цел да се направат квалитетни Олимписки медали за Игрите во Токио 2020. година.

Шинзо Абе и Супер Марио во најавата за ОИ 2020

По церемонијата на затворањето на ОИ во Рио, следниот домаќин Јапонија направи најава за Олимписките Игри 2020 кои ќе се одржуваат во Токио.

Како во борење се честита за освоен медал

Јапонката Рисако Каваи е новата олимписка шампионка во борење слободен стил до 63 кг. Каваи во финалето ја совлада Марија Мамашук од Белорусија а откако ќе ја изгледате прославата на златото ќе ви биде јасно зошто во Јапонија не сакале да ја погледнат на криво.

Штраус од Грбавица незаборавен во Австрија

Едно од најголемите фудбалски имиња на овие простори, во кариерата играше за Жељезничар, Цволе, Стразбур, Седан и Валенсиен а беше тренер на Жељо, Партизан, Панатинаикос, селектор на Југославија и Јапонија. Најголем успех оствари во Австрија каде му приредија голем дочек.

Патот околу светот на Хидетоши Наката

Најпознатиот Јапонец што играл во Европа не знаел ништо за својата земја затоа што животот му се сведувал на хотел-автобус-авион-карантин. Решил да го промени тоа и за шест години ја пропатувал целата татковина. Сега произведвуа саке и се занимава со ќерамика.

На кого да се препише овој автогол?

Сирија прими пет гола од Јапонија, а еден од нив беше автогол за кој не постои кривец. Голманот боксуваше, а неговиот колега се најде на погрешно место во погрешно време.

Изгубени во нечистотијата

Затоа што Париз го доживуваат доволно валкан за да им е срам да носат туристи од Јапонија, викендов јапонските туристички агенции се фатија со расчистување на улиците низ главниот град на Франција.

Најнеобично изведени пенали

Ризикот од изведба на ваков пенал е голем, но евентуална реализација значи и стекнување светска слава. Пет фудбалски исполненија од белата точка ги матираа голманите на специфичен начин.

Кагава и Кијотаке против 55 деца

Иако со противниците од Бундеслига понекогаш игра како против деца, Шинџи Кагава од Дортмунд имаше можност да се проба со 55 деца. А тој само со колегата Кијотаке.

Јапонија, земја на ужинката

Стандардот е дека учениците имаат мал / голем одмор и на еден од нив треба да ја изедат ужинката или оброкот. Во Јапонија во основа имаат час по ужинка. Паузата за јадење трае колку еден школски час, 45 минути, и се смета за образовен период, исто како час по математика или друг предмет.

Меси vs робот

После Петр Чех, еден јапонски робот е вториот голман на кој Лионел Меси не можеше да му даде гол и тоа од неколку обиди.

Дај раката да видиш нешто

Јасно ти е дека нема да ти се случи ништо смртоносно и дека си пред милиони народ на телевизија и секако дека ќе останеш жив. Ама јасно ти е дека има бескрајно ужасни начини да преживееш.

Јапонска царска смисла за стадионска покана

Наместо флаери, плакати, покани, броеви и слично, јапонскиот стадион Аџиномото реши на оригинален начин да ги повика гледачите.

Книжарницата што нуди само еден наслов

„Книгите се духовно богатство" е точна констатација, сè додека не ти е потребен простор кадешто ќе ги складираш и изложиш. Тогаш книгите знаат да станат товар, и ова добро го знаат оние чиј книжарски простор е претесен за да прими повеќе од неколку примероци од еден наслов. Но еве начин како тоа би можело да се реши.

Химната на Барселона од јапонски детски грла

Главен им 8 годишниот Коширо Јамашита кој одлично ја везе, а потоа му се приклучува и хорот. Супер се.

Најстариот фудбалер во светот ќе игра уште

Италијанците го имаат рекордерот Марко Балота кој на 43 години бранеше во ЛШ за Лацио, ние го имаме Тони Мицевски кој на иста возраст играше, а можеби и уште игра за родното село Поешево, а Јапонците го имаат Миура кој постојано ги поместува границите.

Пушкаш голот на годината доаѓа од Јапонија

Не е Златан, не е Меси, ниту Кристијано Роналдо. Голот на годината падна на средношколски натпревар во Јапонија меѓу екипите на Сакујо и Тамано-Конан. Ако има правда во ФИФА, голов мора да ја добие наградата за најубав на годината. Погодокот добива на тежина што падна во 94-та минута од мечот.

Јапонски е да платиш за да се исплачеш

Го знаете она чувство кога плачете а единственото нешто кое во тој момент ви треба е да дојде некој маж и да ви ги избрише солзите. Не? Како бе не??

Опасен судар на Квјат на Сузука

На денешните квалификации за трката за ГН на легендарната Сузука, младиот Русин Данил Квјат излета од патеката, се преврте, но за среќа остана неповреден.

Мажи за бришење солзи

Проблемот со плачењето е што за тоа можеш да им се отвориш само на блиските, а советот од нив најчесто е дека не се исплати по никого/ништо да плачеш, без притоа да имаат основно разбирање дека некогаш едноставно ти се плаче. Јапонците го решиле и овој проблем.

Сериската црна вдовица на Јапонија

Во 2013-та беше најден мртов 75-годишниот Исао Какеи, сопруг на 68-годишната Чисако Какеи. Полицијата утврдува дека во прашање е срцев удар, а за цело тоа време Чисако е совршено ужалена вдовица. По ова се случуваат две работи: прво, полицијата дознава дека двајцата биле во брак едвај еден месец, и второ, ова не и е прв пат на Чисако да заврши како вдовица.

Шинџи Кагава, како успеа?

Јапонецот од Дортмунд ја зголеми конкуренцијата за добитник на наградата промашување на годината или FIFA Barn D'Or.