Најнеобично изведени пенали

Ризикот од изведба на ваков пенал е голем, но евентуална реализација значи и стекнување светска слава. Пет фудбалски исполненија од белата точка ги матираа голманите на специфичен начин.

Хисато Сато од Хирошима даде гол, откако соиграчот му го одвлече вниманието на противничкиот голман.

Питер Винсенти од Рошдејл даде гол во мрежата на Бредфорд после ударот на Јан Хендерсон кој ја погоди пречката, а одбиената топка му ја пропушти на колегата. Не се откри дали намерно ја гаѓаше пречката.

Ашад Али од репрезентацијата на Малдиви му даде чуден гол од пенал на голманот на Авганистан. Намерно ли падна?

За казна поради тоа што го омаловажил противникот, фудбалерот на ОАЕ Тејаб Авана беше изваден од игра. Тренерот сметал дека тоа е понижување. За жал, во 2011. година Авана загинал во сообраќајна несреќа. Имал само 21 година.

Најлудо изведен пенал во последните неколку години имаше Полјакот Мачек Адамјак.