Човекот си е рокенрол аристократија, и му се може. На пример да си го вгради ликот во Пикасовата „Герника“. Критичарите ич не се воодушевени, ама тој оваа недела отвара изложба со над 100 сликарски дела.
Се вика „Никогаш“ и е на помалку познат шпански надреалист, кој си го одзел животот на 51 година. Претставува грамофон во авто-еротска женска поза, а до скоро чмаел во париски магацин.
Зимата 1885-1886 била една од најстудените во Лондон во текот на 19 век. Цевките биле замрзнати во палатата Алберт во лондонскиот Батерси парк, изложбена сала која во моментот била дом на луѓе донесени од Индија да учествуваат во живо „индиско село“.
Нова изложба во Лондон истражува за тоа како се прикажувани жените во „благословена состојба“ од средниот век до денешното, дигитално доба. Со оглед на моменталното седење дома, по пар месеци можно е актуелизирање на темата.
Станува збор за архетип, кој низ историјата се менувал, со сета своја комплексност и контрадикторност. Нова изложба во Лондон покажува како се конструира(л) ликот на идеалниот маж низ медиумите на филмот и фотографијата. И какво било влијанието на жените врз истото.
А про по веста дека заради коронавирусот Кинезите почнале да ги дезинфицираат и банкнотите, изложба под наслов „Бактерии без граници/Колонијалистички кеш“, која се отвори во Берлин во јануари, а ќе трае до 2 март.
Организаторите на првата британска изложба на тема тантра, на публиката ѝ порачуваат две битни нешта: дека таа нема да вклучува ништо од Кама Сутра. И дека во неа не е спомнат Стинг.
Конзервативците ги нарекувале „дувла на разврат“ и „дамка врз репутацијата на градот“. Но јавните тоалети не само што овозможувале намалување на смрдеата и ѓубрето, туку претставувале и места за забранета интимност и отпор кон естаблишментот.
„Изложба“ веројатно и не е најсјајниот опис на она што треба да се случи во четврток, 5.12 во 20 часот во кино Култура. Креативна соработка помеѓу балерина и фотограф чија специјалност е посебна, тн. колодиумска техника, резултира со слики кои делуваат како пораки од оностраното.
Изговорена среде старата скопска чаршија, горната изјава може да зазвучи радикално. Но оваа изложба не само што ја промовира, туку и ја поткрепува со наоди од палеолит до денес.
Пред една година пишувавме за намерата на режисерот Стив МекКвин да работи нов проект во кој ќе ги слика сите ученици од трето одделение кои во моментов учат во Лондон. Проектот заврши, и ова се неговите искуства.
Изложба која се отвара утре, 31.10 во Лондон, нуди можност човек да се наспие. Но и да биде свесен за сите дразби кои во секојдневниот живот го држат буден.
„Повторно пошумување на имагинацијата“ користи виртуелна реалност за да покаже кои нови растенија би можеле да се појават по уништувањето на сè живо на земјата.
Изложбата во Бундескунстлхале била планирана пред неодамнешното емитување на скандалозниот документарец на ХБО. И покрај новонастанатата ситуација, музејот во Бон одлучил да ја постави.
„Црн хоризонт“, која се отвара утре, 9.02 во Шарлероа, Белгија, е дело на двајца Руси - Ерик Булатов и Андреј Молодкин, кои на овој начин протестираат против пропагандните машинерии од која и да е земја.
Нова изложба во галеријата Барбикан во Лондон под наслов „Модерни парови“ претставува уметници и писатели кои биле истовремено и љубовници и креативни партнери. А понекогаш броеле повеќе од двајца.
Нова поставка во лондонската галерија Тејт модерн вклучува просторија во која постојано се прска органско соединение кое стимулира „присилна емпатија“. Дајте веднаш увезете шлепер!
Изложба посветена на хигиенските навики во минатото се отвара во регионален музеј во Хрватска. Информацијата ја пренесуваме како инспирација за нашите музеи, но и заради едно интересно прашање - дали на Балканот дури и за носење гаќи било потребно европско влијание?