Во натпревар без никакво резултатско значење, Торино ја совлада Џенова на гости со 1:2. Горан Пандев го ублажи поразот на 10 минути до крај и ја заврши сезоната со 5 првенствени погодоци. Останува во Џенова и следна сезона која најверојатно ќе заврши на 12-та позиција.
Таман му тргна и фати место во прв тим и на крај ја оплеска. Горан Пандев денеска беше на клупата за резерви и доби шанса на стартот од вториот дел. По 25 минути во игра му влезе грубо на Бруно Гаспар и заслжено беше исклучен. Фиорентина потоа направи целосен пресврт и победи 2:3.
Салах е експерт по материјава затоа што веќе даваше голови без да се радува против поранешните тимови Фиорентина, Челси и Рома. Величината ја докажуваа уште неколку други фудбалери меѓу кои Батистута и Симеоне.
Медиасет Премиум кој ги има правата за пренос на ЛШ во Италија, како гостин во студио синоќа ја покани нашата најголема ѕвезда. Горан Пандев имаше што да раскаже за вчерашните полуфиналисти бидејќи ги има треснато вкупно 4 пати.
„Мајсторски гол со ретка убавина. Поет“, стои во еден од описите на италијанските медиумите за играта на Пандев, кои за 10 минути игра му ја дадоа највисоката оценка на мечот 8-ка.
Мајсторските лоб удари како оној синоќа на Гочето, се вистинска реткост во фудбалот. Треба ептен да го осетиш голманот дека е излезен и да процениш дека нема да ја стигне. Ни текна на уште две ремек дела.
Во стилот на најголемите мајстори каков што е и самиот, Горан Пандев ја потврди победата на Џенова од 3:1 против Верона со можеби најубавиот гол во неговата богата кариера.
На 4 јануари 2010-та година Горан Пандев потпиша договор со Интер за годишна плата од 3 милиони евра. Поради силната конкуренција не верувал дека ќе добие толкава минутажа, но кога ќе вети Жозе ветено е.
Работеше 18 години за Нероаѕурите и беше познат како инспиратор и ресурс за италијанскиот фудбал. Немаше утка тоа што ќе го види неговото око, а тоа се гледа и по имињата кои ги откри. Казираги ги меркаше децата и на најутепаните терени.
Италија и натаму е во шок и неверување по ненадејната смрт на лидерот на Фиорентина, стоперот Давиде Астори. Во текот на вчерашниот ден многу негови соиграчи и колеги спортисти се простуваа од него. Најтрогателна порака остави Џиџи Буфон кој ретко во јавноста зборува за личните односи со фудбалерите.
Фудбалерите на Џенова се во серија од три победи по ред со кои се искачија на 12-та позиција на табелата. Две од тие средби ги реши нашиот најдобар фудбалер и тоа против неговите два поранешни клубови. Официјалниот спикер на домаќините го запали Луиџи Ферарис по голот на Пандев против Интер.
Капитенот на македонската репрезентација нема милост кон своите поранешни клубови. Откако пред две недели беше стрелец за големи 3 бода на Џенова против Лацио на Олимпико, вечерва стрелаше и против тимот со кој ја освои тројната круна.
Фудбалерите на Џенова го совладаа Лацио на гости со 1:2 во последниот меч од 23. коло во Серија А, а една реномирана новинска агенција изненади повеќе од резултатот во Рим.
И покрај тоа што ја спука со Лотито, трпеше мобинг и на крајот мораше да дојде до разделба со клубот по судски пат, сепак капитенот на македонската репрезентација не заборава кој го порасна како играч.
На последниот натпревар од 23. коло во Серија А се случи големо изненадување. Фудбалерите на Џенова го шокираа Лацио среде Рим со конечни 1:2. Првиот гол на средбата го постигна Горан Пандев во 55-та минута. Македонскиот репрезентативец постигнува три гола против својот поранешен клуб откако го носи дресот на Џенова.
На официјалниот сајт на Светската фудбалска унија се појави голема статија во чест на одличните настапи на македонската фудбалска репрезентација која слави јубилеј од 25 години учество на меѓународна фудбалска сцена.
Трикратниот европски првак Интер на својот официјален сајт отстапува простор за приказни посветени на важните луѓе за историјата на клубот. На ред дојде „Ил гранде Мачедоне“, кој заигра и одлично се снајде во историската година под водство на Мурињо.
Џенова синоќа изгуби 1:2 од Аталанта и го претрпе деветтиот пораз во сезоната. При резултат 1:1, капитенот на Македонија промаши неверојатно чиста шанса, поточно му бранеше Албанецот Бериша.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација постигна убав гол со десна на гостувањето кај Верона во 45’ минута а гостите со три бода од овој меч сега полесно ќе дишат во продолжение од Серија А. Пандев вечерва одигра 64’ минути кога беше заменет со Лападула. Интересно, Џенова не ја победила Верона на гости од 1958. година.
Приказната за 9 годишниот Јане Велковски од Скопје до толку е уникатна и полна со пораки, што стигна и до врвни светски фудбалски имиња кои го поздравија храброто момче преку социјалните мрежи.
Македонската фудбалска репрезентација го отвори резултатот против Норвешка на 2 минути до крајот на првиот дел. Аплаузите одат кај Пандев и Алиоски кои двајцата сами го решија противникот. Фудбалерот на Лидс му даде топка со очи, а нашиот искусен капитен и покрај слабата минутажа во Серија А не грешки од вакви ситуации.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев низ кариерата неколку пати го натера најдобриот голман на светот да ја вади топката од својата мрежа. Четири пати во дресот на Лацио и еднаш како играч на Наполи. И секогаш му даваше убави голови. Нека биде така и вечерва од 20:45 во Торино.