Пандев vs Орсато зад камерите

Копајќи по видеа и новости за Горан Пандев кој во недела го тресна Јуве, а утре ќе го одигра јубилејниот 100-ти настап за репрезентација, налетавме на едно видео кое е реткост бидејќи таму обично не се плеткаат камермани. Го фатија нашиот пис на уста, ама повеќе на шега.

Се работи за мечот Џенова - Милан одигран пред два месеци на кој Пандев бара прекршок на работ на шеснаесетникот, но судијата Орсато не му го суди.

Познатите шоумени од емисијата „Striscia la notizia“ кои ловат секакви ситуации кои не ги лови друг, успеаа да уснимат еден дијалот меѓу Пандев и Орсато во тунелот пред стартот на второ полувреме.

Нашиов ептен директен и без влакна на јазик, ама без агресија, туку со насмевка на лицето.

Дијалогот оди вака:

Пандев: Орсато, преку к..р сум ти дојден (се мисли на тоа дека не го рецка за фаули)

Орсато: Ама немој така да збориш

Пандев: Орсато, преку к..р сум ти дојден

Орсато: Не е така, немој така да збориш. Истите работи кои не ти ги свирнав на тебе, не му ги свирнав и на Кутроне.

Во Италија ова не се смета за вулгарност, секој збор им е cazzo, така што ништо страшно.

Горан?

20 март 2019 - 11:40