Девет години од мајсторијата на Пандев на миланското дерби
Додуше ова беше на вчерашен ден 24 јануари 2010-та, ама слаткото е што ова незаборавно голчиште од нашата најголема фудбалска ѕвезда, го има на Јутјуб со знакчето на Телма и незаборавниот глас на Бранко Илиевски со кој ги проследивме најубавите години од Серија А. Пандев стави потпис во тимот на Мурињо 20 дена пред ова дерби, а тука има 26 години.