Асоцијацијата на италијански фудбалери по осми пат го организира прогласувањето за гол на годината во Серија А кое ќе се одржи на церемонија закажана за 3 декември.
Во најтесната конкуренција на 12 голови покрај мајсториите на Белоти, Мертенс, Икарди и ред други познати имиња, номиниран е и евроголот на Пандев против Верона. Се работи за лобот постигнат во 34. коло, сличен на оној на Марадона против Црвена Ѕвезда од пред 35 години.
Интересно меѓу кандидатите има и еден голман, а тоа е Алберто Брињоли кој минатата сезона на херојски начин му го донесе првиот бод на Беневенто и тоа против Милан во 96-та минута за 2:2. Сега брани за Палермо.
Брињоли е во водство со 24% од гласовите, а капитенот на македонската репрезентација котира на четврто место.
За гласање клик тука, потоа скролајте најдолу и кликнете врз името или сликата на Пандев.