Мајсторијата на Горан Пандев против Верона е избрана за четврти најубав погодок на сезоната во Серија А. И покрај тоа што до пред еден месец за капитенот на Македонија гласаа 18%, а херојскиот гол на голманот на Беневенто против Милан водеше со 19%, сепак нашиот фудбалер не успеа да ја добие наградата.
Вкусот на гласачите сакаше гол број 1 да биде оној на Мауро Икарди кој со петица и даде гол на Сампдорија. Напаѓачот на Интер победи со 24% од гласовите, Алберто Брињоли е втор со 18%, Сусо трет со 14%, а Горан Пандев четврти со 12%.
Мауро Икарди кој се закити и со признанието за играч на сезоната изјави дека голот против Милан му бил подобар, но и покрај тоа им се заблагодари на сите кои гласаа за него. Ние пак мислиме дека ова е мајсторијата која ретко се гледа и која го заслужи првото место.
На церемонијата организирана од Асоцијацијата на италијански фудбалери која се одржа синоќа во Милано беше избран и најдобриот тим на минатата сезона.
Голман
Алисон Бекер (Рома)
Одбрана
Калуди Кулибали (Наполи), Жоао Кансело (Интер), Џорџо Кјелини и Алекс Сандро (Јувентус)
Среден ред
Миралем Пјаниќ (Јувентус), Сергеј Милинковиќ Савиќ (Лацио), Раџа Наинголан (Рома)
Напад
Мауро Икарди (Интер), Чиро Имобиле (Лацио), Пауло Дибала (Јувентус)
Тренер на годината е Масимилијано Алегри, судија Џанлука Роки, а тим на годината Јувентус.