Првиот човек на француската фудбалска асоцијација објави дека им дал инструкции на судиите повеќе да не ги запираат натпреварите заради хомофобно навивање од трибините, затоа што „хомофобија не е исто што и расизам.“
На неодамнешното полуфинале на светското првенство во женски фудбал, на мечот помеѓу САД и Британија, фудбалерката која го заби победничкиот гол за Американките, Алекс Морган, го прослави истото со необична мимика - пиење шоља чај.
Во најтешка можна ситуација кога животот го ставаат на ризик, со цел да спасат што може да се спаси, херојските „чистачи“ на последиците од Чернобилската катастрофа, во паузата меѓу напорната работа наоѓале време да поиграат партија фудбал.
Kaко е можно еден мрчатор-егзистенцијалист, кој генерално не гледал смисла во животот, толку многу да ужива во една апсурдна игра како фудбалот? Па можеби токму во апсурдноста е и клучот.
Во саботата на 2 март стартуваше регуларниот дел од сезоната во МЛС - најдобрата американска фудбалска лига. Фокусот го привлече мечот во Денвер, меѓу Рапидс и Портланд Тимберс.
Неколку англиски клубови се спремни да предложат бришење на забраната за продажба на пиво и други алкохолни пијалаци на стадионите. Оваа забрана во Англија важи добри 33 години.
Еден од најголемите во историјата, Бразилецот кој го добил прекарот „О’Реј“ (кралот) не постигнал гол после кој со денови се раскажувало за него. Едноставно роден мајстор за фудбал. Генијалец.
Натпреварот помеѓу Хрватска и Франција беше на кратко прекинат од четворица „натрапници“ кои протрчаа по теренот. Иако камерите не го пренесуваа инцидентот во живо, многу брзо се дозна кој стои зад нив.
Споредбите за некого се можеби претерани. Но ставањето едни покрај други на славни сликарски дела на религиски теми и на фудбалски фотографии, макар и само на ниво на композиција, дава интересни резултати.
МЛС е најновата реинкарнација на американската прва фудбалска лига. Основана во 1993 (пред Мундијалот во САД), а првата сезона почнува во 1996. И одејќи по логиката дека они ќе го унапредат светскиот фудбал, во првата сезона решаваат да воведат сопствена верзија на пенал серијата.
„Знаев дека Господ беше со нас!“ е изјавата на аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси, која натера еден италијански читател да го запраша уредникот на весникот што тоа го објавил, како е можно на Господ да му се припишат фудбалски симпатии.
Ако мислите дека ве нервираат сегашниве коментатори, само замислете свет во кој што фудбалот се коментира како голф. Веројатно никогаш не сте имале поголем порив да го гаѓате телевизорот. Мада, обратна ситуација и не е нешто страшна.
Град од милион жители со стокмен стадион и голема желба на него да се игра натпревар од светското не успева во намерата. Но знае да возврати - со балет на тема фудбал.
Дербито овој пат одиграно од тимови составени исклучиво од Норвежани, и тоа добро најадени Норвежани што после оброк дрмнаа по една чашка ултра-силен лаксатив.
Ај што се приморани да се маскираат за рамноправно да гледаат фудбал, туку две помлади жени биле дури и уапсени во градот Ишфахан (централен Иран) во петокот на 27 април и ќе сносат одговорност според иранскиот закон.
Ние разбираме дека насилство нема што да бара во спорт, ама за првиот тренер би било добро да се потруди по дома да не му го дознаат клипов за колку толку да зачува достоинство.
Во годината со која се поздравивме имаше многу настани кои ќе се раскажуваат уште долго време. Прошталните средби на Тоти и Чаби Алонсо, хет-трикот на Меси за пласман на Светско, смешниот Мамаду Сако, голманот на Мајнц и уште многу други.