На 17 години Стеван стана капитен на Партизан а на 20 им даваше голови на Ливерпул и Баерн во Лигата на шампионите. Во Англија го мачеа повреди, кам-бекот во Италија му го обележаа повреди, а сега на два меча во Севиља покажа повеќе од трите претходни сезони.
Разликите меѓу овие жестоки ривали најдобро се објаснуваат во разликите на нивните стадиони. Фиорентина и навивачите се поврзани емотивно со својот незаменлив стадион, а Јувентус почна да пишува нова историја која за пет години стана побогата од целата на Фиорентина.
Кога ќе кажете италијанското е тапа, не мора баш со толку тешки квалификации. Можеби квалитетот е паднат за разлика од порано, но Серија А си има смој шмек. Италијанското не е само Јувентус, Милан или Интер, туку има и други екипи кои играат убав и отворен фудбал. Синоќа Фиорентина - Наполи 3:3 со 3 убави голови за издвојување.
Фенербахче успеа да го победи Феенорд на гостински терен и да го потврди првото место во групата. Понатаму за сега одат и АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Астра, АЗ Алкмар, Билбао и Генк.
Винченцо Монтела вечерва со Милан го пречекува италијанскиот шампион, а доколку се врати три години назад во октомври 2013-та ќе се потсети на нешто спектакуларно. На полувреме Фиорентина губеше 0:2 од Јуве, но во вториот дел Артемио Франки се тресеше четири пати во рок од 15 минути. Хет-трик на Џузепе Роси, за победа на Фиорентина против Јувентус на домашен терен по пауза од 15 години.
Општ заклучок на стручните коментатори на италијанскиот фудбал е дека Јувентус ќе биде прв, а другите да се наредат како им е волја. Но Старата Дама повеќе мисли на Европа и тоа би можело да ги чини дома како што им се случувало во минатото.
На 10 години бил сведок на страшна трагедија во семејството и долго време бил повлечен во себе. Со помош на вујко му и баба му се издигнува и станува капитен на полската фудбалска репрезентација.
Еден од најдобрите италијански фудбалери тргнал од Америка, земја во која емигрирале неговите баба и дедо со брод од Италија во ’60-те години. Го исполни својот и сонот на татко му, да ја носи капитенската лента на Аѕурите.
ТВ прилогот почнува врхунски добро и нетипично за еден новинарски извештај. Судијата се загрева како во школо на физичко и давај изјава по гаќи и рамбовка објаснувајќи дека и тој треба да биде тип топ физички спремен за 90 минути трчање.
Еден од фотографите покрај теренот на мечот Фиорентина - Наполи (1-1, два гола за 65 секунди), успеал да ја направи фотографијата на пролетната полусезона во Серија А.
Вечерва се играат првите натпревари од Лига Европа, а изненадувањето на вечерта се случи во Данска, каде Манчестер Јунајтед загуби 2:1 од Митјиланд, екипа која игра првпат од декември.
Италијанскиот напаѓач по втор пат во својот живот се врати во Шпанија - игра во Леванте каде ќе се обиде да докаже дека уште не е за мал фудбал на плажа со другарите.
Генијалното издание на Толдо на Европското 2000-та кога против Холандија одбрани еден пенал во регуларно време и два во пенал серијата ги одведе Аѕурите во финале. Денес голманскиот занает го пренесува на некои нови клинци.
Мечот меѓу Фиорентина и Лацио беше 0:1 до 92-та минута, а потоа во лудата завршница паднаа уште три гола за конечни 1:3. Камерите уловија реакција на калуѓерка по голот на Сергеј Милинковиќ Савиќ.
Во Нион попладнево, по ждрепката за ЛШ, се извлекоа и двојките за второто по ранг натпреварување на УЕФА. 32 екипи останаа во Лигата на Европа, од кои 24 дојдоа преку групната фаза, а другите по испаѓањето од Лигата на шампионите.
Кога локален лист од Фиренца направил анкета за тоа кој е најубавиот гол што го примила нивната Фиорентина, 90% од испитаниците изјавиле дека тоа е погодокот на Алесандро Дел Пјеро на 4 декември 1994. година на Деле Алпи. Малиот Моцарт како што го викаа Алекс тогаш имаше 21 година.
Во недела од 18 часот, Мохамед Салах го очекува непријателска клима на стадионот на Фиорентина, чиишто навивачи сметаат дека Египќанецот ги предал со заминувањето во Рома. На нож во минатото беа пречекувани Баџо, Конте, Роси, Монтоливо.
Откако синоќна го прегази Интер со 1:4 на Џузепе Меаца, екипата на Фиорентина за првпат после сезоната 1998/1999 е лидер на табелата во Серија А. Се потсетивме кои фудбалери играаа за виолетовите во тоа време.
Фудбалскиот клуб од Фиренца на прав начин „се бори“ за промоцијата на домашни, млади таленти од сопствената школа. Синоќа против Џенова 10 од 11 во составот беа странци.
Шпанското крило едвај чекаше да замине од Фиренца и да се врати во матичниот Бетис. Виолетовите не го пуштаа лесно, но на крајот Хоакин со скршена рака излезе пред 20.000 луѓе во Севиља.
Се сеќавате ли кога славниот Габриел Омар Батистута ја напушти Фиорентина после девет години и потоа како да не можеше да се помири дека му даде гол на својот довчерашен клуб на кој му беше верен и во втора лига?
Замената на Монтела на клупата на Фиорентина од минатиот месец се вика Пауло Соуса. Португалецот дојде од Базел каде го освои швајцарското првенство. Луд е по технологија, мрази тренинзи на дожд и сака голмани како Нојер.
Ниту еден од двата италијански клубови не успеа да се пласира во големото финале на Лига Европа. Фиорентина со вкупни 5-0 го загуби двомечот со Севиља, а Наполи поразен во Украина од Днипро. Финалето се игра на 27. мај во Варшава